25.08.2020

Каде на Пелистер?

Каде на Пелистер?

Национален парк Пелистер со своето бо­гат­ство, разновидност и колорит претставува една од најзна­чај­ните вредности на биолошката разновидност на плани­ната Баба и го привлекува интересот на истражувачите, посетителите и вљубениците на најстариот и еден од најубавите национални паркови во Република Македонија. Тој е прв прогласен национален парк на територија на Република Македонија. За национален парк е прогласен уште во 1947 година. Површината на овој национален парк изнесува  17.150 хектари.



Двете глацијални езера, Големото и Малото Езеро, познати како Пелистерски очи, се оддалечени меѓусебно два километра и претставуваат прекрасно место за починка. Во пелистерските езера живеат ендемичната пелистерска поточна пастрмка (Salmo trutta peristericus) и пелагониската поточна пастрмка (Salmo trutta pelagonicus).


Информации за пешачки и велосипедски  патеки и активности во Национален парк Пелистер може да се најдат на официјалната веб страна и Инфо центарот.


Најкарактеристични се патеките: Велосипедска и пешачка патека до врвот Пелистер, историска патека или патека за Првата Светка Војна, патеката по камењарот е едукативно – показна стаза, којашто ги води посетителите на Националниот Парк Пелистер низ еден мошне атрактивен простор исполнет со разновидни природни убавини. По должината на патеката се среќаваат пространи шуми од молика, ретка и ендемична флора и разни видови на релјефни облици.


Снегот на некои места на оваа планина може да се задржи дури до јули. Доколку сте љубител на скијањето или на прекрасните зимски пејзажи, тогаш задолжително дојдете на Пелистер и стоплете се со планинскиот чај што расте на оваа планина.


На Пелистер се наоѓа и вилата Бабин заб. Вилата се наоѓа над село Нижеполе. Во вилата има чајна кујна и конференциска сала за 50 лица. Апартманите се опремени со ТВ, wi-fi, фрижидер и сите имаат прекрасни погледи кон Пелистер. Сопствен заграден паркинг - бесплатен. За исхрана можете да јадете и во блиските хотели и ресторани.




Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!

И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.