13.06.2022
Започнавме да организираме јога на вода
Започнавме да организираме јога на вода
Пред околу една
година тимот на Кајак.мк ве
запозна со Ивона, нашата локална хероина од Охрид која е неуморна во
својата работа и локалец кој се
труди да создаде една поинаква летна сезона на Охридското Езеро.
Денеска сакаме да Ви ја споделиме новоста која Ивона заедно со својот тим од „СУП ОХРИД“ започнаа да ја реализираат.

Станува збор за оддржување на часови по јога на Суп даски на
разни локации на езерото. Покрај тековните понуди како што се СУП тури со инструктор
и часови по обука, Ивона вели дека ова е нешто сосема ново коешто за првпат се
нуди во Охрид.
Локацијата за тоа каде ќе биде укотвена платформата е по желба на учесниците, а
тие како организатори им предлагаат неколку мирни и спокојни локации каде ќе може
да уживаат во зуците на природата и езерото.

Ивона ги охрабрува сите вљубеници во јогата и сите јога
инструктори да им се приклучат на ова незаборавно искуство и да ја
почувствуваат разликата помеѓу јога на тврд под и јога над вода.
Имено како дел од новостите кои ги нуди „СУП Охрид“ овде се и часовите за едрење на даска или Wind Surfing. Едрењето на даска настанува како спој на двата најпопуларни водни спортови, сурфањето и едрењето.

За сите кои сакаат да искусат нова адреналинска акција за
едрење на даска, ова е одлична можност која создава чувство на слободно движење
во ритамот на природата.
Воедно Ивона вели дека покрај овие новитети, зголемена е
понудата со кајаци кои може да се користат за разни тим-билдинг активности,
тренинзи и обуки.
Доколку сакате да
ги погледете сите тури кои ги организираат и да стапите во комуникација со „СУП
ОХРИД“ кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!
И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.
Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?
Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица