02.12.2022
Чеплес: Планинарски дом за престој на авантуристи и луѓе кои сакаат предизвици
Чеплес: Планинарски дом за престој на авантуристи и луѓе кои сакаат предизвици
Последниот месец од годината ќе го посветиме на планинарските домови ширум државата. За нас едни од најуникатните сместувачки капацитети во Македонија со најуникатни гости. За оние кои досега не биле на планинарење и не престојувале во планинарски дом, ние би рекле дека се уште ги немаат запознаено најпозитивните и најкул луѓе во Македонија и пошироко.

Планинарските домови
ги зближиваат луѓето со исти или слични приказни. Луѓе кои гледат на светот
малце поинаку од останатите. Луѓе кои имаат постојано нови предизвици во
животот и кои сакаат да го уживаат тоа кое што со пари не се купува- ПРИРОДАТА.
За да ве поттикнеме да отпочнете со планинарење во 2023-та година, тимот на Кајак.мк ќе се потруди да ги додаде во својата база на приватни сместувања најуникатните планинарски домови во Македонија. Планинарски домови кои имаат приказна со душа.

Денеска сакаме да
ве запознаеме со планинарскиот дом „Чеплес“ кој од денеска е официјално дел од светот
на Кајак.мк
Домот е изграден во 1952 година, во почетокот неговата намена била како ловечки дом, а подоцна во 1955 година предаден е на управување на Планинарското друштво - „Солунска Глава" од Велес и претворен во планинарски дом. Од неодамна домот е приватизиран и со него располага Спортскиот атлетски клуб Изгрев од Велес.

Домот има нов и
стар дел во кој може да присуствуваат гостите. Новиот дел е уреден да може да се
греат просториите со централно греење. Зградата има нова термо фасада.
Домот има пет соби за спиење од кои две поголеми со групни лежаи. Има 56 кревети, но со групното сместување може да се сместат околу 100 планинари. Домот редовно се одржува, има електрично осветлување, довод на вода од сопствен извор - Нортонов бунар (пумпа). Надвор од домот има чешма со природна вода, исправна за пиење. Домот е постојано отворен и има постојан домар.

Планинарскиот дом „Чеплез“ се наоѓа на планината Даутица, на
планинскиот масив Јакупица. Домот се наоѓа во шума од високи букови дрва. Околу
домот има широко отворен простор, тревнат и обраснат со папрат. Има извонреден
планински амбиент и поглед кон врвовите на Јакупица и Плавник. Домот е изложен
на исток и има долг сончев период преку денот.
Доколку сакате да
ја погледнете точната локација, да стапите во контакт со домот и да ги
погледнете излетите кои ви ги нуди домот, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!