14.07.2020

Кикинда Ричи: Коронавирусот не потсети на корените од каде доаѓаме

Кикинда Ричи: Коронавирусот не потсети на корените од каде доаѓаме

Запознајте се со Кикинда Ричи. (insta: Kikinda_Ricci). Девојка која обожава да патува. Како што вели таа „Коронавирусот не потсети дека треба да се навратиме на корените од каде што доаѓаме. Затоа да слушнеме што има таа да ни препорача. 

Здраво @kikinda_ricci. Вие подолго време споделувате фотографии од патувања. Па би сакале да знаеме Како да се искористи слободното време кај нас се додека границите ни се затворени?


Целата оваа непосакувана ситуација коа не погоди не само нас, туку и целиот свет не потсети дека треба да се навратиме на корените од каде доаѓаме. Искрено, барем јас пред сето ова претпочитував да шетам надвор од земјава, велејќи си дека ”Ок, Македонија и ја знам, сум ја прошетала” и то било најголемата лага која сум ја кажала сама на себе и сум си верувала. Викендите практикувам да сум во природа и да посетам некое местенце за кое не сум ни знаела дека постои. Жално е што не постои мапа на знаменитости и природни убавини, како што ги имаат многу земји на запад.


2. Што препорачувате: Дива шума со приватна викендичка или дива плажа со викендичка?
Хм.... ме фативте во тесно со прашањето. Се зависи од моментот на расположение аи врменскиот период. Но ако може комбинација на дива шума со планинско езерце, тоа е тоа 


3. Река или езеро?
Река или езеро?!....би рекла езеро, но не се испушта можноста за пикник и покрај некоја студена планинска река.

4. Јуни или септември?
Септември е мојот месец...нема двоумење... Дури и како мала, иако септември значење ШКОЛО, сепак со нетрпение го очекував. 

5. Изгрејсонце или зајдисонце?
Спанка сум, така да сведок сум на многу убави глетки со зајдисонца.... 


6. Плажа со песок или ситни каменчиња?
Плажа со петок, ама оној океанскиот...што после те нервира дека секаде го има 

7. Лето или зима?
Лето, зошто сум зимурлив тип на човек.....но Швајцарија во зима е бајка.


Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!