04.04.2023
Го одржуваме животот на Стара Воденица со вкусни специјалитети
Го одржуваме животот на Стара Воденица со вкусни специјалитети
Вевчани е дестинација позната по старите воденици кои се во функција. Доколку прошетате низ Вевчани сигурно ќе слушнете од локалните мештани дека во Вевчани се уште има воденици кои се во функција и кои им се на располагање на мештаните, а многу од рестораните кои се дел од гастро базата на Кајак.мк ги користат овие воденици.

Кога сме кај водениците, денеска ќе ве запознаеме со „Стара Воденица Октиси“ која веќе 7 години испишува своја вкусна гастро приказна. Ако размислувате каде да ги поминете пролетните викенди, тимот на Кајак.мк ве советува да си организирате една гастро тура низ Вевчани каде ќе вкусите разни специјалитети подготвени по рецептите на локалните баби.

Ресторанот „Стар
Воденица“ од денеска е дел од базата на Кајак.мк. Домаќинот Томор кој ни ги
отвори портите за светот на Кајак.мк вели дека оваа место е своевидна зелена
оаза која се наоѓа помеѓу Октиси и Вевчани.
Уникатноста на самиот ресторан е местоположбата. Од едната страна се падините на Јабланица, а низ самиот ресторан поминуваат дел од вевчанските води кои призведуваат спокоен жубор додека вие уживате во вкусната храна.

Овој регион е
познат по локалните специјалитети кои се подготвуваат на традиционален начин и според
старите рецепти. За оние кои ќе се одлучат да го посетат ресторанот, тимот на
Кајак.мк ги советува да вкусат јагнешки и телешки ребра во фурна, воденичарска плескавица
со кајмак. Овде може да се вкусат и селски предјадења како кашаник, пиперки во
кајмак, ајвар, макало и уште неколку предјадења, а за десерт исклучиво домашно благо.
Повеќе информации
за локација, капацитет и контакт за резервација можете да најдете со еден клик
ОВДЕ.
Коментари
-
Toni rufa
01.12.2023 19:51
Cosa voi chiedere a la vita? cibo ed tranquillità!!! Qui trovi tutte le volte che vai buon cibo ed un personale eccellente.
-
Ifet Dervishoski
04.04.2023 20:08
Super je eksta je restoranot stara vodenica dojdete i sami uveretese
-
Goce Bakuleski
04.04.2023 15:46
Prekrasno mesto za relaksacija prekrasni luge sto go rabotat lokalot sekogas da bidat zdravi i zivi i uste mnogu god da go rabotat
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија по зајдисонце: земјата што не ја гледаме преку ден
Што се случува во Македонија кога ќе се стемни? Од ѕвезденото небо и ноќните планински патеки до селските огништа и необичните места за престој.
Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија
Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.
Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации
Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Дали Македонија знае да го претвори филмот во туризам?
Од „The Odyssey“ на Кристофер Нолан до Мариово и македонските филмски локации – може ли филмот да стане нов двигател на туризмот во Македонија?
Август во Македонија: Каде да патувате кога сакате лето, но не и гужва?
Откријте ги најдобрите места за патување во Македонија во август – езера, планини, села и природа за совршен летен одмор без гужва.