08.05.2022

Го учиме нашето дете да биде добар пчелар и да ги сака пчелите

Го учиме нашето дете да биде добар пчелар и да ги сака пчелите

Ако некогаш сте посакале да побегнете на некоја дестинација каде никој нема да ве најде, а притоа да уживате слушајќи ги приказните на локалните херои и уживајќи во нивната храна тогаш една од тие дестинации треба да ви биде село Требеништа.


Во селото ќе наидете на пчеларникот Шутиноски, кој е семејна фарма за пчели позади која стои името на Билјана, Душан и нивниот син Леон Шутиноски кој уште од мали нозе покажува огромен интерес за одгледувањето пчели и производство на мед.


Душан, таткото на Леон, вели дека приказната започнала да се развива од 2013-та година, како обично хоби со само 5 пчелни семејства, а денеска е „бизнис-приказна“ која ја сочинуваат преку 50 пчелни семејства.


Тие живеат во Струга, но не им претставува никаков проблем да патуваат до селото се со цел да ги извршат секојдневните обврски околу пчелите.

За селото Требеништа велат дека е на идеална надморска височина од околу 700 метри, а околината каде што се наоѓа пчеларникот е богата со дабова, костенова и борова шума, а ливадите изобилуваат со кантарија, мајчина душичка, капинки и ред други шумски плодови.


Благодарение на околината, а пред се и на заложбата во пчеларството, Шутиноски денеска имаат широка палета на производи кои ја нудат на пазарот. Овде е медот во пита, поленот, 30 отсо прополис распрскувач, прополис капки, а во процес на изработка е првата крема за лице изработена од 100 проценти пчелин восок со додаток на мед, кантарионово масло, витамин Е и други прородни примеси. Ваквиот крем ќе служи против акни и брчки на лицето.


Душан вели дека нивната цел е бројката на пчелни семејста да достигне над 100. Среќни се што веќе имаат освоено награда и сертификат од натпреварот во Тузла, Босна и Херцеговина, златен медал на најмасовната лабораторија и сензорска анализа во светот, на кој натпревар учествувале 474 примероци на мед од 23 земји во светот.


Душан вели дека цените на производите постојано варираат, се зависи од ефикасноста на сезоната.

Доколку сакате да стапите во контакт со нивното семејство, тогаш кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?