08.01.2021
Живеам за да патувам и истражувам: Се надевам дека до лето ќе ни се отворат границите!
Живеам за да патувам и истражувам: Се надевам дека до лето ќе ни се отворат границите!
Еј друштво! Ни
доаѓа викенд. Уште два слободни денови за уживање, прошетка низ Македонија, но
и повеќе време за читање на културни патувачки четива. Тимот на Кајак.мк
денеска ќе „ве патува“ со Горјан. Млад, амбициозен човек, кој животот му
приредил претстава која сцените се менуваат постојано. Од планина на езеро, од
еден во друг европски град, од остров до река.
Горан ни се
преставува како авантурист, патувач, истражувач, љубител на планината и
природата, но и голем љубител
на животните.
„Би додал
и љубопитен, човек кој сака да истражува нови места, искуси нови работи, вели тој. За него најважно е да биде личност
посветена на личниот развој, на физичко и психичко зајакнување, или развој на
најдобрата верзија од себе.
Како најголеми „виновници“ за љубовта кон планината и природата Горјан ги потенцира родителите. Татко му кој бил исто така искусен планинар во неговата
младост, па затоа од 2 години е на
планина, а некоја година
подоцна и на скии. Низ годините започнува и со велосипед по планините, а во последниве 5-6
години и ски туринг, планинското трчање и така натаму.
Горјан вели дека ваквата љубов
не би се одржала доколку ги немал најблиските пријатели со кои ја делел пасијата и
еден куп дружби во природа, а и планинарските друштва, познаници авантуристи и
останати ентузијасти кои го прават искуството позабавно.
Кога веќе ќе почнеш да ја искусуваш убавината на придродата и планината,
се она што таа го нуди, дружбите и авантурите таму горе, тогаш нема шанси а да
не те привлече и да остане засекогаш дел од твојот живот, вели тој.
Прекрасните шуми, чистиот воздух, билките од кои се прави чај, највкусните бобинки,
печурките кои се неизбежен дел од исхраната, тишината на планината, мирот и
спокојот кој можеме да го најдеме таму, но и сите дружби и забави во природа, тоа се главните причини за тој да се
посвети на природата.
Горјан одморите ги
користи активно. Не ги нарекува класични одмори, туку #trips.
Преку младинските организации во кои бил активен, учествувал на интернационални настани преку кои посетувал различни места и запознавал
интересни луѓе кои споделуваат различни идеи за нивните патувања. Тие идеи, потпомогнати
од одличните услови за
патување, ефтини летови, ефтини автобуски карти, хостели, кауч сурфинг,
пријатели во други земји и слично, направиле тој
да се фокусира на
патувања кои ќе бидат насочени кон истражување на повеќе места, искусување на
различни работи, наспроти фокус на една локација.
„Едни од
првите авантури се таканаречените road trips, низ балканските земји, со
пријатели авантуристи. Тие патувања ми се и едни од омилените бидејќи се оди
без некој детален план, застануваш таму каде што ќе ти се допаѓа, спиеш таму каде што ќе те стемни. На тие патувања секогаш додававме некои посебни елементи, како рафтинг,
авантуристички спортови, посета
на планински езера, преубави плажи и многу други моменти“ вели тој.
Горјан искористи
една норвешка поговорка: „Не постои лошо време, туку само несоодветна
облека“.
Нека не ги
плашат ниските температури, сигурен сум дека секој во својот плакар може да
најде облека која ќе е соодветна за некоја полесна прошетка во природа, на
планина, вели Горјан.
Планините имаат посебна убавина во зима, а и зимските центри добиваат поинаков
сјај. Имаме среќа што живееме во планинаска држава и секој голем град кај нас
во својата близина има планина која е лесно достапна за граѓаните. Така што би
препорачал на секого да ги искористи викендите и „да скокне“ до нашите зимски
центри како: Маврово, Попова Шапка, Копанки, Нижеполе, Крушево, Пониква и
останатите, советува Горјан.
Горјан работи на развојни
проекти во делот на деловниот и локалниот екомномски развој како координатор.
Пред сегашната работа, долго
време работи на развој на
млади и младински активизам. Сето ова е во друга насока од неговото формално образование, правник и магистар
по финансово право. Тој вели дека
ова е во склад со неговиот дух за постојано пронаоѓање и откривање на работите кои ги
сакаме и не исполнуваат.
Иако секој дел од светот си има посебна убавина, земајќи ги моменталните прилики и условите, како големата надеж дека до летово ситацијата ќе се
нормализира, Горјан советува дека
треба повеќе да го истражуваме јужниот дел од Европа. Одличната клима, топлите
мориња и прекрасната храна.
Минатото лето имал прилика да го истражува јонскиот брег на Албанија, а исто
така се стреми да ги истражува и грчките острови кои се лесно достапни за нас.
Како омилена дестинација го
потенцира и полуостровот Истра во Хрватска. Истарските приморски
градчиња, но и оние планинските се приказна за себе. Имаат некој посебен дух,
енергија и преубавата архитектура,
истарското вино, тартуфи и Јадранското Море.
Италија и Шпанија се приказна за себе. За таму дефинитивно ги препорачува оние
„скокачки патувања“ на кои се посетуваат што е можно повеќе места.
Покрај „плажарење“ и уживање во убавините на летото, тој се надева дека ќе има можност да се искачи на некој Алпски врв, или пак Елбрус, највисокиот врв во
Европа.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе

Во Македонија има отцепена планинска куќичка во која престојот е уникатен
За сите љубители на ваквиот „Повик на дивината“, можеме да ви потврдиме дека ова сместување ќе ви овозможи еден поразличен викенд, ќе ве ги наполни батериите и ќе ве оттргне од сите хаотични збиднувања во земјата и светот.

Со мојот син отворивме фарма за магарици во село Виничани
Млекото од магарица на фармата на Тео, нова атракција во центарот на Македонија.

Нова планинска АТВ тура за истражување на Јакупица
Еј друштво! Ни доаѓа пролет! Топло време, сонце, кратки ракави, живот! Во пресрет на топлите месеци, тимот на Кајак.мк активно работи на промоција на нови авантури кои можете да ги резервирате за вас, вашето семејство, пријатели или колеги од работа!

Планински стаклени иглу сместувања во кои можете да престојувате
Косово може да се пофали со многу нови и уникатни сместувања, кои тимот на Кајак.мк започна да ги лоцира и додава во базата на приватни сместувања.

Вила во Скопје со панорамски поглед на градот
Вилата има капацитет за 24 лица, што ви овозможува да ги сместите сите ваши гости од странство кои ќе ви дојдат на посета.

Организираме кањонинг во Мариово: Авантура за цело друштво
За првпат во Македонија, тим составен од професионалци ви го организираат денот за „планинарење по река“. Кањонинг во Мариово