22.02.2022

Ние сме извидници и нашата цел е да помагаме на секој кој му е потреба помош

Ние сме извидници и нашата цел е да помагаме на секој кој му е потреба помош

Во изминатиот период беше доста актуелна темата поврзана со младите извидници во Македонија, но ретко кој зборуваше на прашањето дали сите деца коишто сакаат да бидат дел од ваквите извиднички патувања можат да си дозволат соодветна опрема за посета на планината?


Тимот на Кајак.мк на овие прашања одлучи да побара одговор од Снежана Јанковиќ, која е дел од големото семејство на „Прв скопски извиднички одред“ кои традиционално секоја година организраат хуманитарни настани под мотото „Направи добро дело“, а резултатите од хуманитарните акции ги презентираат на 22-ри февруари“ кога се чествува „Светскиот ден на извидничкото движење“, денот кога е роден основачот на најголемото младинско движење во светот, Роберт Баден Пауел.


Снежана вели дека секоја година неколку недели пред 22-ри февруари упатуваат отворен апел до јавноста за донација на планинарска опрема која може да биде од корист на многу млади и возрасни коишто сакаат да го направат првиот чекор во планина. Порај овој хуманитарен повик, нивното друштво се дели во неколку помали извиднички групи кои извршуваат хумани активности во текот на цела година.


Снежана вели дека има интерес за донација на опрема. Почнувајќи од кондури, панталони, јакни, кабаници, гамашни и слично. Ваквата хумана акција има за цел да им овозможи престој на планина на оние коишто сакаат да го доживеат ова уникатно искуство но не се во финансиска можност да го дозволат тоа. Од друга страна пак, организаторите велат дека има луѓе на кои им е потребна ваквата помош. Од одредот се среќни што има огромен интерес за донирање на опрема, особено од страна на децата.


Извидничкото движење во Македонија постои повеќе од 70 години. Годинава ПСИО слави 70 години јубилеј. Благодарение на посветеноста во работата и одличната програма, членството постојано се зголемува, вели Снежана. Во моментот има повеќе од 120 деца и млади од Скопје.


Овој извиднички одред работи во областа на заштитата на животната средина и зајакнување на младинското движење преку помагање на терен и едукација. Ваквиот начин на интеракција им овозможува на младите преку разни хумани активности да стекнат навики за градење на еден поубав свет.


Годишната програма ПСИО ја темели на два кампа, зимски и летен. Организираат логорувања на есен и пролет, а имаат три национални натпревари на кои се собираат повеќе од 200 извидници од цела земја. Во текот на годината организираат повеќе од 400 работилници на кои извидниците имаат можност да научат разни вештини. Меѓу најпопуарните се првата помош и заштитата, рафтингот, кајакарењето, јазли, хајкови, логорски огништа, топографија, морзеова азбука, стрлање со лак и стрела, декорирање, шифрирани писма, готвење, препознавање на билки во природата, ориентација во просторот и природата и ред други активности.


Сите заинтересирани кои сакаат да се придружат во ПСИО може слободно да се обратат на Facebook или Instagram страниците– First Scout Unit of Skopjе.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.