24.05.2020
И Црна Гора стана „corona free“ држава во Европа
И Црна Гора стана „corona free“ држава во Европа
Црна Гора денес, 68 дена по првиот забележан случај на коронавирус, нема веќе заразени со Ковид-19, што ја прави првата „corona free“ земја во Европа, според податоците на црногорскиот Институт за јавно здравје. Нема потврдени нови случаи на инфекција во Црна Гора веќе 20 дена по ред.
„Од вчерашниот пресек на состојбата, анализирани се 140 примероци, меѓу кои немаше нови случаи на инфекција. Исто така, во Црна Гора во моментот нема активни случаи на инфекција со новиот коронавирус “, објавено е од црногорскиот институт, бидејќи вториот тест на последниот пациент е негативен. Црногорските здравствени власти порано соопштија дека крајот на епидемијата ќе биде прогласен кога нема да има вкупно 28 дена заразени.
Wladislaw Peljuchno
„Во пракса и меѓу струката, вообичаено е епидемија на една заразна болест да се одјавува кога, во двата просечни периоди на инкубација, нема нови регистрирани случаи на заразени на една територија. Во овој случај, тоа значи дека станува збор за ситуација кога никој не бил заразен со вирус во Црна Гора 28 дена “, објави црногорскиот институт за јавно здравје.
Објаснија дека за една територија обично се вели дека е „ослободена“ од одредени заразни болести кога не постои регистрирана нова болест за одреден временски период.
„Терминот ‘ corona free’е повеќе колоквијален, отколку стручен термин за означување дека на некоја територија нема заболени. Идеално би било да нема ни вирус, но во ситуација, кога во опкружувањето има регистрирани случаи на корона вирус скоро невозможно е да се одржи и сочува оваа состојба “, велат од Институтот.
Црна Гора е последната европска земја кај која се дијагностицираше коронавирус на 17-ти март. Оттогаш, 324 луѓе се разболеле, 315 се опоравиле, а девет пациенти починале.
За 70 дена изолација, поради кршење на мерките за заштита од зараза, се гонети 1768 жители на Црна Гора, кои за добротворни цели морале да уплатат вкупно 106 илјади евра.
Извор: n1info.com
МОЖЕ ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Официјално: Грција ги отвара границите на 15-ти јуни за македонците!
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!