09.12.2023
Цели 17 години подготвуваме вкусни жабји батаци за нашите гости
Цели 17 години подготвуваме вкусни жабји батаци за нашите гости
Тимот на Кајак.мк денеска ве води во општина Македонска
Каменица каде што разговараше со домаќините на ресторанот Златина, кое е уште
едно ново уникатно гастро ќоше во нашата база.
Од Кочани па се до Македонска Каменица, овој регион е познат по специјалитетите од жаби кои сè поретко може да се најдат на менито и на домашниот пазар.

Денеска, за жал, поради неконтролираниот лов на жаби, овој регион се соочува со недостаток на жаби, а за да се
купи жабји батаци во Македонија, легално можете само од компанија која го врши увозот.
За оние кои сакаат да го вкусат овој специјалитет, тимот на Кајак.мк ви препорачува да го посетите ресторанот „Златина“ кој се наоѓа на магистралниот пат А3 од Кочани кон Делчево, а објектот е лоциран на самиот излез од Македонска Каменица.

Разговаравме со домаќинот Златко, кој за Кајак.мк вели дека угостителскиот објект има приказна стара 17 години. Причината која ги држи во живот се постојаните новитети кои ги внесуваат во работењето.

Некогашното „Златен Пријател“, а денеска „Златина“ на своите гости им овозможува разни специјалитети, фокусирајќи се на рибата. На прашањето што е она кое треба да се нарача од менито, Златко вели дека тоа е пастрмката и крапот кои се подготвуваат на специјален начин, но не се изоставуаат и жабјите батаци кои се секогаш на менито. Овде е и скарата која секогаш е свежа.

Денеска, ресторанот Златина има капацитет за 100 лица во
затворен простор и 200 лица на отворено.
Доколку сакате повеќе информации, фотографии, како и
контакт за резервација кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!