27.05.2021

Сместување во Струга од трета димензија

Сместување во Струга од трета димензија

Тимот на Кајак.мк денеска ве води во Струга. Една од дестинациите која ќе биде доста атрактивна за престојната сезона, имајќи предвид дека во Струга се изградија нови и модерни сместувачки капацитети. Гледајќи како течат работите, можеме да кажеме дека градот се развива, а тоа поттикнува и поголем број на туристи да го посетат.

Кога сме кај отварањето на нови и модерни сместувачки капацитети, нашиот тим денеска сака да ве запознае со еден таков. Станува збор за хотелот Боград кој се наоѓа во срцето на Струга.

Туристите кои ќе се одлучат да го поминат одморот во овој хотел, треба да имаат до знаење дека менаџментот на хотелот организира тури со локални водичи, преку кои гостите ќе може да разгледат и да научат многу за овој крај.

„Нашиот хотел е сместен во центарот на Струга, веднаш до новото шеталиште и во срцето на Струшката чаршија. Плажите се на 200 метри од хотелот. Тој е луксузно опремен и има оригинални архитектонски модерни решенија и запазени светски стандарди за работа и квалитет. Инспирацијата на самиот дизајн доаѓа од Охридското езеро, велат од менаџментот на хотелот. 


Таванот во lounge барот е инспириран од брановите на езерото, а дрвото дизајнирано во ентериерот е инспирирано од езерската трска. Боите во хотелот се нијанси на зелено, кафеаво и сиво.


Собите се дизајнирани за да ги задоволат потребите на секој гостин, а опремени се со ТВ, клима уреди, мини бар, хотелска козметика.

Lounge bar на хотелот, се наоѓа на 3 спрат и нуди поглед кон градот и на чаршијата. Самиот ресторан подготвува тестенини, бургери од пилешко и телешко месо, а Signature dish е Боград Бургер, кој мора да го пробате.

Бенефитот од сместувањето во хотел Боград е тоа што гостите можат пеш да ја прошетаат цела Струга, а не е потребен ниту автомобил до плажа.


Самиот хотел организира еднодневна тура до Калишта и Радожда со водич, посета на манастирски комплекс Пресвета Богородица, село Калишта, Посета на Пештерната црква Св. Атанасиј во Село Калишта и посета на Пештерна црква Св. Архангел Михаил во село Радожда.

Еднодневна тура до Вевчани со водич – посета на Вевчанските извори

Еднодневна тура до Подгорешки бачила со водич – прошетка по природните убавини на бачилата – искачување на Црвени Камен 1500 м надморска височина и Подгоречко езеро 1960 м надморска височина, со можност за јавање со коњ.

Еднодневна тура до Лабунишки бачила со водич - прошетка по природните убавини, прошетка до Лабинишко езеро искачување на врв Стрижак 2233 метри надморска височина, искачување на врв Црни камен 2257 метри надморска височина - Врв на планината Јабланица.

Тура низ градот со водич – прошетка низ чаршија, посета на спомен куќата на Миладиновци, посета на Природно научниот музеј, прошетка по Црн дрим, посета на мостот на поезијата и прошетка покрај охридското езеро.

Исто така, хотелот нуди можност и за изнајмување на велосипеди. Доколку сакате повеќе информации, фотографии, како и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!