03.12.2020

5 дестинации во Македонија кои се добри за медитирање и јога!

5 дестинации во Македонија кои се добри за медитирање и јога!

Присуство на стресoт во нашето секојдневие е резултат на пандемијата која ни ги затвори границите и скрати патувачките крила. Скоро една година сме заробени во нашите домови, секојдневно слушаме бројки на починати, заболени и осиромашени луѓе.

Тимот на Кајак.мк е во постојана потрага по нови опции за патување. Без разлика колку и да е тоа сведено на минимум, сепак се уште постои некаков начин на патување. Во периодот кој помина објавивме доста дестинации ширум државата каде може да побегнете од метежот и каде можете да се изолирате од сите.

Денеска разговараме со луѓе од Ајурведа Health. Од нив побаравме да ни ги наведат петте најдобри локации во Македонија каде медиацијата има посебен шмек.

Тие дестинации се следните:

Медитација во раните утрински часови покрај Охридското езеро.
Охрид е сепак топ дестинација за медитирање и во лето и на зима. Зимските денови се особено важни за луѓето кои сакаат да медитираат во тишина покрај езерското крајбрежје.

Високите планински падини на Пониква.
Пониква е добра дестинација за медитирање. Особено во делот на густата шума каде се наоѓа аришовото дрво. Дрвото ариш произведува експлозија на кислород во воздухот, па не залудно доста македонски доктори се решиле своите вили да ги изградат во овој предел од државата.

Врвот на Водно.
Можеби ќе се изненадите, но Водно го додадовме на трето место бидејќи многу од луѓето кои живеат во Скопје немаат време за патување, па затоа сакаме да ги поттикнеме почесто да ја посетуваат ова планина која на својот врв се уште го држи чистиот воздух.

Беровското езеро.
Ова дестинација се покажаа како одлична поради количеството на кислород во водухот. Над Беровското езеро поминува еден од само 4 коридори со збогатено количество на кислород кои се среќаваат во светот, а кои ги има во Перу, Аљаска, Северна Индија и кои овозможуваат идеални услови за воздушна бања.

Преспанското и Дојранско езеро
Колку што се корисни во лето, толку се корисни и на зима. Исто како и кај Охридското езеро, зимските денови се доста релаксирачки покрај овие две езера. Без метеж, без хаос.

За тоа дали има разлика помеѓу медитирањето во лето или на зима, од Ајурведа Health велат дека во принцип не постои разлика дали медитираме во летни или зимски услови, но она што е важно е да се чувствуваме удобно при изведување на оваа техника бидејќи медатацијата е вежба со која го смируваме умот, мислите, емоциите и целото тело. Но сепак, од нивното досегашно искуство најмоќни се медитациите на полна месечина, летно време кога изгрева сонцето, во раните утрински часови и зимно време кога паѓа мрак.

Ајурведата се занимава токму со овој проблем, односно како да се надмине стресот особено во овој период кога луѓето се соочуваат со еден непознат до сега стрес, страв кој ги надминува сите досегашни преживеани стравови. Ајурведа Health е дел од големата светска организација Арт оф Ливинг- Уметност на живеење, најголема светска организација која се занимава со живот без стрес и будење на човековите вредности.

Ова компанија организира јога и семинари по хормонална јога, а располага и доста производи кои може да ви помогнат во секојдневието. Повеќе информации за нив можете да најдете на ayurveda.mk

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.