07.02.2022
Од мало девојче желно за нови вештини, до лидерка во сутажот
Од мало девојче желно за нови вештини, до лидерка во сутажот
Од мало девојче желно
да ги стекне вештините коишто ги поседува нејзината мајка, до жена-лидерка во
својата професија. Вака започнуваат приказните на Кајак.мк кои ги раскажува во
месец февруари, а кои се поврзани со нашите хероини кои прават мали нешта од
огромно значење во развојот на туризмот.
Кратки, брзи и мотивирачки
приказни кои може да се прочитат во еден здив, а притоа да ве поттикнат да
размислувате како да го исполните слободното време да отпочнете со нешто ново кое
во иднина ќе ви носи дополнителни финансии.
Денеска ве запознаваме со Билјана Тодороска, охриѓанка која се занимава со дизајнирање на сутаж накит.

Билјана создава накит веќе 12 години, но сутажот е дел од нејзиниот живот во изминатите 9 години. Била учесник на мноштво базари, саеми и разни проекти, а зад себе има две самостојни изложби, од кои едната во галеријата „Робевци“ во Охрид, а втората во спомен домот „Браќа Миладиновци“ во Струга.

Тоа што за Кајак ја правил лидерка во својата професија е фактот дека покрај производството таа е обучувач на работилници кои се организираат во Скопје, каде своето знаење го споделува со останатите жени кои бараат се заинтересирани да научат нешто ново.

Нејзините почетоци со рачни изработки се од детските денови кога во нејзиниот дом се изработувале традиционални македонски везови како чеиз за женски деца. Уште во тоа време, нејзината мајка ја обучувала како да изработува везови и да ја осознава посебноста и убавината на истите.

„Многу подоцна потребата да носам уникатен накит ме натера да си изработам нешто за себе, а со тоа започна и мојата приказна која трае до денес. Како што ги осознавав и усовршував техниките сосема случајно на интернет го сретнав сутажот- сосема непознато нешто за ова поднебје“, раскажува Билјана.

Со откривањето на оваа раскошна техника која потекнува од Русија, која многу одамна се користела за украс на руски униформи, а подоцна во Франција каде станала неизбежен украс на најбогатите владејачки семејства и најубавите дами, Билјана била фасцинирана од уникатноста и одличила да посвети време. Она што најмногу и привлекло внимание е сличноста со нашите традиционални везови и народни носии, со што започнала да ја изучува од интернет и по само неколку месеци напорна работа и труд да го создаде своето прво парче.

Постојано создава нови парчиња накит следејќи ги модните трендови, но и секогаш верна на традицијата. Во нејзините колекции може да се најдат стотици модели огрлици, брошеви, алки, обетки кои имаат своја приказна.

За изработка на овој накит се користи специјален сутаж конец-гајтан, кој го обликува со шиење и вметнување низ разни полудраги камчиња, бисери, а од неодамна користи и материјали од природата како езерски камчиња, дрвца и разни отпадни материјали. Набавката на материјали е посебен процес и истражување.

За луѓето најпривлечна е сложеноста на самата изработка, комбинацијата на
бои и секако уникатноста и раскошот што го нудат сите нејзини парчиња накит. Процесот
на изработка и самите изработки може да се најдат во нејзината продвница-атеље "BRILLO" во старата турска чаршија во Охрид, а наскоро ќе бидат споделени и на
платформата на Кајак.мк.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје
Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.
Галичката свадба повторно го оживеа Галичник
Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.
Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците
Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства
Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.
10 најубави панорамски патишта во Македонија што секој турист треба да ги доживее
Откријте ги најубавите панорамски патишта во Македонија. Од Галичица и Маврово до Мариово и Беласица, ова се 10 road trip рути што нудат незаборавни пејзажи и автентични доживувања.
Лето во Македонија: сезонско овошје, домашна зимница и традиционални вкусови
Откријте како летото во Македонија е поврзано со сезонско овошје, домашна зимница, џемови и традиционални рецепти кои се дел од автентичниот рурален живот.