15.08.2023

Во Македонија се наоѓа еден од најубавите кампинг простори

Во Македонија се наоѓа еден од најубавите кампинг простори

За авантуристите кои сакаат да искусат нов кампинг предизвик, тимот на Кајак.мк ги информира дека од денеска во нашата база на приватни сместувања е достапен „Camp Ljubanista“ кој има свои бунгалови и шатори достапни за изнајмување. Ваше е само да понесете вреќа за спиење и основни средства за оджување на лична хигиена и секако да имате желба да останете на кампување од 3 до 5 дена, како што и налага неформалниот правилник на камперите ширум светот кои тврдат дека за да се почувствува магијата на природата, треба да се остане барем три дена.


Кампот се наоѓа во близина на село Љубаништа, покрај самото Охридско езеро и во подножјето на планината Галичица, што би рекле ние на вистинското место каде што се гушкаат планината и езерото.


Кампот се простира на 90,000 метри квадратни, а има песочна плажа долга 650 метри. Површината на кампот е рамна со сенки на голем број на дрвја. Самиот камп има сопствен маркет, голем паркин простор, тушеви со топла вода, електрична енергија за секој кампер.


Кампот нуди можност за изнајмување на: Камп приколка за 4 лица, изнајмување на шатор, изнајмување на голем бунгалов, изнајмување на мал бунгалов, има и ресторан и бар на плажа со лежалки и чадори за сонце. Кампот има нов авантуристички парк кој можат да го користат гостите на кампот, но и гости кои сакаат да го посетат авантуристичкиот парк.

За точната локација на кампот, повеќе фотографии, како и контакт за резервација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.