17.07.2019
На дното на Црно Море пронајдени најстари остатоци од грчки брод
На дното на Црно Море пронајдени најстари остатоци од грчки брод
Најстар, во целост недопрен остаток на грчки трговски брод кој датира од 400 година п.н.е. откриен е на дното на Црно Море, објавија членовите на англо-бугарската научна експедиција, пренесе Би-би-си.
„Никогаш не помислив дека е можно да се пронајде така добро зачуван остаток од брод од антички времиња и тоа на длабочина од само два километри“, изјави еден од лидерите на експедицијата, професорот Џон Адамс, директор на Центарот за поморска археологија на Универзитетот во Саутемптон.
„Ова откритие ќе го промени нашето разбирање за поморска конструкција и едрење од античко време“, додаде Адамс.
Експедицијата Црно Море МАП (Maritime Archaeology Project - Поморски археолошки проект) веќе три години го пребарува дното на Црно Море во должина од 2000 квадратни километри на бугарскиот брег со помош на сонари и возила на далечинско управување опремени со специјални камери наменети за истражување на морските длабочини. Оваа технологија претходно им била достапна воглавно на нафтените компании.
Извор: www.mkd.mk
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!