28.04.2020
Грција: Од 1-ви јуни се отвaраат угостителските објекти
Грција: Од 1-ви јуни се отвaраат угостителските објекти
Со целосно укинување на ограничувањето на движењето и отворање на дел од продавниците од понеделник, на 4 мај започнува постепеното олабавување на рестриктивните мерки во Грција, а една седмица подоцна ќе се отворат и останатите продавници и матурантите ќе се вратат на училиште, додека пак угостителските објекти и дел од хотелите ќе започнат со работа на први јуни, согласно главните оски на „безбедносниот мост кон новото секојдневие“, што ги соопшти грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис во видео пораката до граѓаните , јави дописничката на МИА од Атина.
| ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Грција разгледува нови мерки за поголема заштита на туристите! |
Претседателот на Владата на Грција, презентирајќи ги главните точки на планот за следните два месеци, под новиот слоган „Остануваме безбедни“, рече дека земјата го ограничи првиот бран на болеста и подготвена е да поминеме во втората фаза од планот, што „не е епилогот на перипетијата, туку е продолжение“.
-Мај не е март. Тогаш требаше да го одбраниме нашето здравје и да спасиме животи останувајќи дома. А сега сме повикани, да се вратиме методично, постепено, на некои од нашите познати активности. Нашиот нов слоган е „Остануваме безбедни“. Излегуваме од дома, но секогаш остануваме одговорни, порача Мицотакис.
Од понеделник целосно се укинува ограничувањето на движењето, односно обврската на граѓаните при секое излегување да праќањето смс порака или да пополнуваат потврда.
| ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Се подготвуваат нови правила за авиопревозот |
Паралелно, ќе се отворат продавниците како што се книжарниците, продавниците за електронски производи, за спортски производи, фризерските салони (само со закажување), додека пак останатите продавници, ќе се отворат една седмица подоцна на 11 мај, а трговските центри на 1 јуни.
Наставата за матурантите ќе започне на 11 мај, една недела подоцна одново ќе тргнат на училиште учениците од средните училишта, а секако ќе постојат посебно правила за да се избегне метеж.
Основните училишта и градинките засега остануваат затворени, а постои веројатност да се отворат на 1 јуни, само, како што рече Мицотакис, „ако сме апсолутно сигурни дека текот на болеста се движи по надолна линија“.
Во однос на црквите, Мицотакис рече дека од 4 мај ќе бидат отворени за индивидуални молитви, додека пак од 17 мај, верниците ќе може да присуствуваат на литургиите, но под одредени правила кои дополнително ќе се одредат.
На 1 јуни ќе започнат со работа угостителските објекти, а ќе се отворат и хотелите кои што функционираат во текот на целата година.
| ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: 8 промени што можеме да ги очекуваме во туризмот по COVID-19 |
Грчкиот премиер рече дека во текот на летото речиси е невозможно да се дозволат големи собири како што се фестивали, концерти и или спортски натпревари со публика.
Мицотакис порача дека на 4 мај започнува ново секојдневие за граѓаните, а се додека не се најде соодветна вакцина или ефективна терапија „новата болест ќе живее меѓу нас“.
-Сепак, клучот за успех повторно ќе биде нашата индивидуална дисциплина, одговорноста, довербата во упатствата на експертите. Резултатот што го постигнавме е голем, но е сѐ уште е кревок. Да се вратиме на нашите животи и нашите работни места е потешко отколку да останеме дома. Затоа, колку што ќе се олабавуваат ограничувањата, толку ќе се зголемува улогата на личната одговорност. Па така, слоганот „остануваме дома“ останува во сила. Не излегуваме без причина. Остануваме безбедни, рече Мицотакис
ЧИТАЈТЕ ПОДОЦНА: Зошто треба да го посетите турскиот брег ова лето! |
Грчкиот премиер во видео пораката до граѓаните ги претстави главните оски на владиниот план, додека пак шест заменици министри, на прес конференција попладнево детално ги објаснуваат аспектите на конкретниот план во однос на работата на продавниците, болниците и здравствените установи, работата на јавниот сектор, како и јавниот превоз. (МИА)
МОЖЕ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА:
Албанија најверојатно ќе ја продолжи вонредната состојба до 23-ти јуни
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Како високите температури влијаат врз пчелите и опрашувањето во Македонија
Како високите температури влијаат врз пчелите, опрашувањето и природата во Македонија и зошто климатските промени се важни за пчеларството и земјоделството.
Хотел во Јапонија каде гостите не само што престојуваат, туку учат традиција стара со генерации
Хотел во Јапонија им овозможува на гостите да запознаат древна традиција, да посетат фарма и да научат како се подготвува традиционален ферментиран зеленчук.
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Оваа планинска оаза е во Македонија и во неа може да се престојува!
Дали Македонија знае да го претвори филмот во туризам?
Од „The Odyssey“ на Кристофер Нолан до Мариово и македонските филмски локации – може ли филмот да стане нов двигател на туризмот во Македонија?
Август во Македонија: Каде да патувате кога сакате лето, но не и гужва?
Откријте ги најдобрите места за патување во Македонија во август – езера, планини, села и природа за совршен летен одмор без гужва.
7 природни места во Македонија за летно капење и разладување
Не се само езерата за летно освежување. Откријте 7 природни места во Македонија за капење и разладување, од реки и планински вирови до водопади и скриени места во природа.