09.05.2021
Се одлучивме на нов вид пикник скривалишта за летото 2021
Се одлучивме на нов вид пикник скривалишта за летото 2021
За да не звучиме како да се жалиме поради тоа што ни помина зимската сезона и снегот се растопи, одлучивме вака неделно да ви ја споделиме приказната за „Старо Баличо“- фамозното скривалиште кое се наоѓа на ски центарот „Маврово“.
Ова место функционира во текот на цела година. За Даниел, човекот кој разговараше со тимот на Кајак.мк, Старо Балило е место кое ако го посетите на лето ќе посакате да дојде зима и да уживате во скијањето, а пак ако го посетите на зима ќе сакате да дојде лето за да уживате возејќи електрички велосипеди.
Можеби звучи конфузно, но „Старо Бачило“ знае како да го искористи секој момент од годината и да понуди нешто што е во склоп со сезоната.
Со „Старо Бачило“ работи релативно млада екипа која скоро трета година по ред е на Маврово.
До зимоска ја водевме познатата пицерија „Ски Школа“, а љубовта кон планината не поттикна да останеме и преку лето, со тоа што ја отпочнуваме приказната со фамозното угостителско бачило, вели Даниел.

Бачилото ќе има доста специфичен концепт на работа, идејата е ова место да биде еден нов концепт на пикник, на кој ќе се служи традиционална храна составена од пита, комад, локални сирења и кашкавали. Од досегашното работење со „Ски школа“ тие успеале да организираат и многу „седенки“ со храна од препознатливи ресторани кои подготвуваат суши, коктели, бургери и сендвичи, појаснува Даниел.

Тој вели дека се во постојана соработка со Ресорт Маврово, преку која организираат тури за планински велосипедизам со електрички велосипеди, а честопати знаат да поканат и спортски здруженија кои оддржуваат тренинзи, семинари и предавања поврзани со активниот туризам.

Она што го прави атрактивно Бачилото се повеќето начини на кој може да го посетите. Има неколку опции: Првата и наједноставна опција е со жичарница која работи во текот на летниот период, втората опција е со велосипед, потоа следува планинарење или пак со мото кросеви за љубениците на адреналинот.

Тимот на Кајак.мк се надева дека ваквиот пример на пикник скривалишта ќе го следат и многу други планиски излетнички места и ќе придонесат кон развој на активниот туризам во Македонија.
„Старо Бачило“ може да го заследите на инстаграм под @starobachilo
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!