08.10.2020
Потопеното село Здуње
Потопеното село Здуње
Некогаш, под овие води се наоѓало старото село Здуње, пишува Марко Џамбазоски. Ова село при создавањето на езерото Козјак било целосно потопено. Денес, неколкуте останати жители на селото живеат во нови куќи, кои им биле изградени над линијата на водата. Селата во областа Порече во минатото претрпеле масовно иселување и денес нивните жители се бројат на прсти.

Сепак, мирот и спокојот кои го нудат веројатно секогаш ќе бидат присутни, а пустите плажички опкружени со прекрасни релјефи и егзотичната боја на езерото се соврешно прибежиште од градското секојдневие.
Новата населба се наоѓа во областа Порече, во најсеверниот на територијата на Општина Македонски Брод.
![]()
Фото: Ehrlich91
Селото е сместено на алувијална рамнина, непосредно до реката Треска. Нејзиниот атар нашироко се допира со подрачјето на Општина Брвеница. Селото е рамничарско, сместено на надморска височина од 520 метри. За сите љубители на планинарењето треба да се знае дека о
д селото Здуње има планински пат води над селото Близанско преку планината Фојник кон селата на Горно Порече.
Фото: RašoAn
А ако веќе го посетите овој регион, нашиот тим ви препорачува да го посетите и селото Самоков, кое село е опколено со листопадна шума, што претставува идеална есенска идила.
ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: Како изгледа една уредно средена вила на Маврово |
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.
