27.01.2021

Уживам додека возам велосипед низ Македонија

Уживам додека возам велосипед низ Македонија

Во овие студени јануарски денови, споделуваме еден текст кој ќе му пркоси на снегот, а ќе ги погоди оние кои не може да се разделат од летото. Денеска ве запознаваме со Игор Сивевски, кој зад себе има поминато многу километри со својот велосипед. Игор за нас е мотивација, лекција и причина да му се поклониме. Знае како да го користи активно својот одмор и да ужива во секое ново место кое ќе го открие.

Игор има извозено многу километри со велосипед низ Македонија. За каква тура ќе вози низ Македонија, се зависи од тоа дали ќе излезе со својот планински или друмски велосипед. Со друмскиот најчесто го вози битолскиот регион, патува до Преспа, Отешево, Охрид преку Галичица, Прилепскиот крај, а потоа и Крушево, Македонски брод. На почетокт од неговите велосипедски авантури започнува со тури од Куманово до Битола. Игор вели дека пред да започне со турите „глумел“ голем познавач на Македонија и на својот придружник кој е германец кој возел тура од Берлин до Истанбул му предложил да возат по стариот пад од Велес до Прилеп, не знаејќи дека пат има само до селото Извор. 

Авантурата за него била уште поголема кога од Извор преку Присад кој се наоѓа на самиот врв на планината, возеле по песочен пат, што ги фатило дури и ноќе при возењето. 

Со неговиот планински велосипед најчеста дестинација му е Пелистер. На Пелистер според него има навистина голем број прекрасни места, што тешко на човек да му се здосади. Честопати вози до самиот врв, Големото Езеро, Неолица...

Игор го дели мислењето со многу други велосипедисти дека Македонија има огромен потенцијал во развивањето на вело туризмот, особено планинскиот trail road велосипедизам. Со означување на патеки, поставување инфо табли и секако соодветен маркетинг преку кој луѓето ќе дознаат за овие патеки. 

Се радува што во последните неколку години низ Македонија се организираат велосипедски планински тури со голем број на учесници. На тој начин се промовира убавината на нашите предели. Според него еден жител на Париз или Њујорк треба да се организира една недела однапред и да патува неколку часови за да стигне до некој убав предел, а во Македонија тоа се прави многу брзо. 

Велосипедизмот го привлекува затоа што е одличен за авантура. Нуди здрав начин на живеење и адреналин. Од дестинациите во Македонија ги издвојува Големото Езеро на Пелистер, Лазарополе и регионт на Кајмакчалан. 

Сонува за доста европски тури. Сака да започне тура од Јужно Мароко, преку Шпанија, Франција и Италија па се до дома. Според него за ова му се потребни три месеци и преку 5000 поминати километри. 

Во фаза е на изработување интернет страница каде ќе може да се погледнат сите негови поминати тури и информации.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.