13.02.2023
Дали сте слушнале за Леонов Двор: Дестинација каде можете да јавате магариња?
Дали сте слушнале за Леонов Двор: Дестинација каде можете да јавате магариња?
Во Македонија има
доста уникатни рурални дестинации, за кои повеќето млади во државата се уште немаат
слушнато. Кајак.мк како платформа која добива се поголем замав во државата има
една поставена цел, а таа е да им ги презентира сите убавини на Македонија на
новите генерации, како би ги поттикнале да бидат туристи во својата татковина.
Ние секогаш го
велиме следното: Летниот
одмор можете да го искористите надвор од државата, каде и да посакате, но
викендите и слободните денови искористете ги за прошетки и престојување во
Македонија. Новото мото во 2023-та година ни гласи: Бидете туристи во обувките на локалните жители.
Па оттука, да видиме што може да правиме за време на викендите:
Наша нова препорака за уникатно и несекојдневно патување е „Леонов Двор“. Гастро дестинација која се наоѓа во селото Куратица. Идеална дестинација за фамилијарни прошетки, тим-билдинг патувања и престојување.

Оние кои за првпат се соочуваат со селото „Куратица“ треба да знаат дека оваа селце се наоѓа на 20 километри североисточно од Охрид или на 5 километри од самиот пат Охрид- Ресен. Куратица има свои прекрасни предели, а мештаните на селото се особено горди на планинскиот масив Мазатар од каде можете во исто време да ги гледате Охридско и Преспанско езеро. Селцето е сместено на 1080 метри надморска височина, а ние го сакаме поради тоа што успеало низ минатото да ја задржи својата автентична традиција и да ја негува и ужива природата.


Денеска на сред
село ќе го најдете леоновиот двор, кое како гастро дестинација нуди одлична
можност да побегнете од градскиот метеж и да уживате во традиционалната храна,
или можеби пак да појдете на прошетка со магариња.
„Леонов Двор“ има
капацитет да нагости 50 лица, а овде може да ги вкусите специјалитетите како ѓомлезе,
комат, питулици, но и качамакот или бакрданикот.
Повеќе информации
за ресторанот, точна локација и контакт за резервација можете да најдете со
еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!