01.12.2022
Добивме многу златни награди за квалитетно вино: Тоа нè мотивира да не застанеме тука!
Добивме многу златни награди за квалитетно вино: Тоа нè мотивира да не застанеме тука!
За време на нашиот забавен саем кој го организиравме во винскиот
музеј во Кавадарци, успеавме да го запознаеме Кирил за кој млад и амбициозен
винар досега не сме пишувале.
Среќни сме што неговата винарија „Арабеска“ се најде меѓу присутните винарии и го доби својот момент на промоција и поддршка од гостите кои присуствуваа.

Кирил ни ја раскажа приказната за винаријата „Арабеска“, ни
посвети толку многу внимание во раскажувањето, што ние би ви препорачале да одвоите
неколку минути и сконцентрирано да се запознаете со она кое неговото семејство
го создава.
“Арабеска” е мала семејна винарија во сопственост на семејството Стојчеви. Лоцирана е во село Сопот оддалечено 6 километри од градот Кавадарци, во срцето на Тиквешкиот регион познат по квалитетните лозови насади.

Самата винарија е регистрирана 2021 година. Целокупното произведено вино е од сопствени лозови насади. Произведено од почеток до крај од вредните раце на сопствениците, со многу љубов и посветеност. Винаријата е продолжување на традицијата од предците, дедото Милан дипломиран инженер агроном кој несебично се залагал да се подигнат квалитетни лозови насади применувајќи нови и софистицирани методи во лозарството и винарството. Прв во Сопотскиот атар ги наводнувал лозовите насади со систем капка по капка, со што придонесувал за екологијата и рационалното користење на водата.

Производството на
вино бара исклучителна посветеност, време и енергија потрошени на лозјето и во
винаријата, но резултатите се исклучителни.
Денеска, Кирил вели дека се горди на сопствените вина, показател за квалитетот се минатогодишните Златни награди за Ркацители и Вранец и Големо злато за Розе од сортата Вранец на која се особено горди.

Блендот од традиционалниот и современиот метод на производство кулминира со создавање на нивните препознатливи вина, кои се добиваат од сопствен лозов насад од 16 декари. Во иднина покрај Вранец и Ркацители на репертоарот ќе се најдат и сортите Рајнски Ризлинг и прочуеното Каберне Совињон.

Можност за дегустација на вината има во самиот подрум во склоп на винаријата кој е адаптиран за таа намена, а чувството е уникатно, бидејќи ги сели гостите во дамнешни времиња благодарение на автентичноста на подрумот и изразената архитектура на старата македонска селска куќа, со свои камени ѕидови, дрвени греди и огништето како центар на случување. Капацитет кои ќе овозможи оптимално доживување е до 12 гости, вели Кирил.

Што се однесува до идните планови на оваа мала просперитетна семејна винарија, тоа би било доближување до консументите преку организирани дегустации на сите видови на произведено вино, со можност во иднина да се изградат апартмани за престој на туристи, бидејќи самото место има огромен потенцијал за селски и вински туризам, па на гостите покрај грозјето и виното ќе им биде понудена мирна и спокојна атмосфера за одмор под ведрото небо, ѕвездите и месечината која верувајте овде е навистина поголема.

На тимот на Кајак.мк му е драго што денеска има уште една
винарија во својот свет, мала семејна винарија која прави големи работи за
промоцијата на туризмот во Македонија. Доколку сакате да стапите во контакт со
винаријата, доколку сакате да ја погледнете точната локација, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Marika Miskova
01.12.2022 18:13
Bravo za familijata Stoicevi,sonistata stanuvaat realnos,so trut i volja do celta.Mnogu uspev vo ponatamosnata rabota.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!
И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!
Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“
Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.
741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе
Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.
Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?
Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.
Зошто Јапонија има толку малку канти за отпад, а улиците ѝ се толку чисти?
Зошто во Јапонија речиси и да нема јавни канти за отпад, а улиците се неверојатно чисти? Откријте ја културата, навиките и правилата зад овој необичен феномен.
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица