07.04.2020
Кајак интервју: Горјан- македонецот кој има посетено 45 држави!
Кајак интервју: Горјан- македонецот кој има посетено 45 држави!
Од причина што меѓународните патувања во моментов се
целосно забранети, а исто така е доста ограничено движењето во сопствената
земја, првиот агрегат за патување Кајак.мк започна со кампањата „Патувај од
дома“ која вклучува три рубики и тоа „Патувачка кујна“, „Водич во карантин“ и
„Инстаграм квизови за патување кои можете да ги најдете на @kajak.mk.
За денеска од рубриката „Водич во карантин“ ние
разговараме со Горјан, македонецот кој има посетено 45 држави во светот. Тој во
моментот пишува книга која е поврзана за неговите патишествија, па затоа
сакавме да слушнеме збор два повеќе од него додека седиме дома на каучот.

Кајак: Здраво Горјан. Би сакале да знаеме од колку години патуваш?
Горјан: Моето прво патување низ Европа беше на 18 години , кога сеуште имавме визи , претходно заедно со моите родители ги имам посетено соседните држави. Патувањето низ Европа никогаш не било полесно.
Kaјак: Што е тоа што те тера да го засакаш патувањето?
Горјан: Секое патување е ново доживување , градење пријателства , спознавање на нови култури и вкусување на вкусна храна. Патувањата ме прават среќен , ми даваат енергија за исполнување на нови цели. Во времиња на изолација и вируси ,каде движењето ни е ограничено , останати ни се спомените, пријателите низ светот и фотографиите.
Кајак: Која земја ти остави најубав впечаток?
Горјан: Кина и Португалија.
Кајак: Која земја има најгостропримлив народ?
Горјан: Кинезите се многу гостропримливи спрема белата раса, ако сте од бела раса Ве пуштаат преку ред , се сликаат со Вас , се насмевнуваат и сакаат да Ви помогнат и покрај тоа што повеќето зборуваат многу лош англиски.

Кајак: Во која земја си имал лоша ситуација? Како ја реши истата?
Горјан: Досега не сум имал лоша ситуација , можеби некое доцнење на автобус или воз , кое му го отежнало патувањето.
Кајак: Во која земја си имал одлична комуникација со пасошка контрола?
Горјан: Пасошката контрола на Израел важи за најстрога во светот , но моето искуство беше многу пријатно, иако бев подготвен на неколку часовно испрашување , читајќи искуства од други луѓе.Македонија нема виза за Израел.
ЗА ДА ПРОДОЛЖИТЕ СО ЧИТАЊЕ НА ИНТЕРВЈУТО, КЛИКНЕТЕ ОВДЕ!
ПОЧИТУВАНИ ПАТНИЦИ ЧИТАТЕЛИ НА КАЈАК, ДАЛИ МОЖЕБИ ВИЕ ПОЗНАВАТЕ ВАШ БЛИЗОК ПРИЈАТЛЕЛ ИЛИ ПРИЈАТЕЛКА КОЈА САКА ДА ПАТУВА? АКО ОДОГОВОРОТ Е ДА, ТОГАШ ПОВРЗЕТЕ ЈА СО НАС ЗА КРАТКО ИНТЕРВЈУ ЗА ВРЕМЕ НА КАПМАЊАТА „ПАТУВАЈ ОД ДОМА“. СИТЕ САКАМЕ ДА СЛУШНЕМЕ ШТО ИМААТ ТИЕ ДА ИЗЈАВАТ ВО ВРСКА СО ПАТУВАЊЕТО.
Чуствувајте се слободни да ни пишете на нашата фејсбук страница во дирекна порака: Kajak.mkd На нашиот инстагранм профил: @kajak.mk или дирекно на нашата официјална e-mail адреса: [email protected]
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода
Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.
Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk
Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум
Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.
Македонија на две тркала: Најубавите моторџиски патишта и авантури низ скриените предели
Моторџиски патишта во Македонија: Најубави рути за возење со мотор Откријте ги најдобрите моторџиски рути во Македонија – планински превои, езера, села, природа и авантури за љубителите на мото туризмот.
Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани
Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.
Кајак.мк ве води во село Слепче
Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.