07.04.2021

Симпатични бунгалови во Македонија за сите дигитални номади

Симпатични бунгалови во Македонија за сите дигитални номади

Секој од нас бара да биде што е можно подолго време во природа. Има ли нешто поубаво од природа и езеро во септември? Искуствата на нашите патувачи покажуваат дека од година во година луѓето се повеќе се фокусираат на истражување на она што го имаат дома, односно посветат повеќе време проучувајќи ги помалите градови, села и плажи, како во Македонија, така и надвор од неа.


Среќни сме што дел од вас започнаа интензивно да трагат по “втор привремен дом“ каде ќе може да останат подолго време за пониска цена, а од каде ќе може да ги извршуваат своите работни обврски.

Драго ни е што во нашата база на приватни сместувања ги имаме овие уникатни бунгалови кои се наоѓаат на Преспанско Езеро. Ова е кампот „Отешево“ кој е идеален дом за секој кој работи он-лајн.

Доколку сакате да погледнете повеќе информации или извршите резервација, кликнете ОВДЕ.


Овој предел каде што се наоѓа кампот е ограничена воздушна бања која кружи околу кампот. Сигурно ќе речете дена е невозможно, но по фактот дека кампот често го посетуваат деца кои имаат хронични и респираторни проблеми, укажува на придобивките од природата.

Овие бунгалови се одлично скривалиште се до крај на сезоната, особено за оние кои бараат начин како да побегнат од одма и да се препуштат на природата. Се наоѓаат на 856 метри надморска височина и се сконцентрирани помеѓу планината и езерото. Опкружени со борова шума и веднаш до самиот брег на Преспанското езеро.


Сопствениците на кампот Отешево за првпат ги раскажуваат приказните на многу луѓе кои со години наназад доаѓале овде поради воздухот.  Во Отешево во моментот има 10 бунгалови опремени со кујна со прибор за готвење, мини шпорет и фрижидер. Тоалет во самиот бунгалов и пространа тераса со поглед кон езерото. Бунгаловите се трокреветни со можност за дополнителен кревет со афекватна постелнина.

Сопствениците организираат и екскурзии со чамци до островот Голем Град, а на само 4 километри од нив  е границата со Албанија. Ресен е оддалечен 13 километри.

Доколку сакате да погледнете повеќе информации или извршите резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Коментари

  • Irena Atanasovska

    02.05.2022 17:16

    Цена за десет дена. Месец јули еден возрасен и две деца, 10 години и 13 години. Фала убав ден!

  • Simona Nedelkovska

    06.08.2021 17:56

    Cena za edna nedela na bungalov vo otesevo

  • Marijana Stojkovska

    03.08.2021 23:19

    Zdravo dali imate smestaj za 2 vozrasni i 3 deca(11,8,5 god)i koja cena e ?

  • KY

    31.07.2021 18:11

    Odlicno mesto, gostoprimliv personal. Provereno!

  • Nina Knaggs

    17.05.2021 12:18

    Koja e cenata.za 1 dete i vozrasen

  • Prof. d-r Violeta Lashkoska

    14.04.2021 14:02

    Prekrasno. Oteshevo e navistina vozdushna banja, a tuka e i ezeroto, pa ovie bungalovi se vistinsko mesto za kombiniranje na rabota od doma so uzhivanje vo prirodata.

  • Angel Misevski

    12.04.2021 13:50

    Zdravo me interesira cena za bungalovite fala

  • Кајак.мк

    11.04.2021 21:59

    Почитувани Anastazija и Elena. Добивте повратен мејл на адресите кои ги имате оставено на профилот.

  • Anastazija Chelikovska

    10.04.2021 11:00

    Koja e cenata od den za bungalovite na Prespa i za kolku lica se?

  • Elena T

    09.04.2021 20:49

    Преспа е преубава!

  • Рајна Малевска

    07.04.2021 22:56

    Кампувавме во кампот речиси 10 години, почнувајќи од 1988 година. Местото беше прекрасно. Во сите овие изминати години, секогаш кога одевме за Охрид, одевме преку Галичица за да го видам Отешево. Се надевам дека барем нешто од она што беше некогаш Отешево пак ќе заживее. Ви посакувам среќа!

  • Marija

    07.04.2021 20:50

    Mnogu uvavo!!!!!!!!

Прочитајте повеќе

Што се случува оваа недела во Македонија: фестивали, концерти и летни настани

Откријте ги најинтересните настани во Македонија оваа недела – фестивали, концерти, културни случувања и идеи за викенд патување низ земјата.

Кајак.мк ве води во село Слепче

Слепче е дестинација која сè почесто ја избираат љубителите на мирниот одмор.

Кајак.мк ве води во село Пклиште

Токму овде, на Кајак.мк отсега можете да резервирате сместување во планински комплекс кој располага со капацитет за до 27 гости.

Добар Бар: Нов живот за еден стар градски киоск во Скопје

Добар Бар во Скопје покажува како стар градски киоск може да добие нов живот. Откријте ја приказната зад ова урбано катче со ретро карактер.

Галичката свадба повторно го оживеа Галичник

Галичката свадба повторно го исполни Галичник со вековни обичаи, мијачки носии и традиција. Откријте зошто ова е едно од најавтентичните искуства во Македонија.

Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците

Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.