30.06.2021

На нашите гости им сервираме храна во порцелански колекции од нашите мајки

На нашите гости им сервираме храна во порцелански колекции од нашите мајки

Има многу приказни за ресторани и кафулиња во Охрид, но приказната за Форт е уникатна. Последните денови од месец јуни ги искористивме за да прошетаме по брдата на Охрид, каде се наоѓаат прекрасни угостителски објекти кои нудат извореден поглед кон езерото. На само неколку чекори од Самоиловата тврдина се наоѓа „Форт приказна која се родила пред 8 години. За приказната и настанокот на ова место разговаравме со сопственичката Виолета Цепенковска.


Кајак.мк: Од каде идејата за старт на една ваква приказна?
Виолета: Идејата ни дојде сосема случајно. Некаде на средината на сезоната решивме да отвориме мало место за пауза на странските туристи кои најчесто организирано го посетуваа Охрид. Секако тука беа и и индивидуалните туристи кои заради самата локација, пред влезот на тврдината, сакаа да се задржат и одморат, но и заради погледот и желбата да гледаат подолго во бедемите кои се наоѓаат околу тврдината. На оваа локација немаше ништо соодветно за одмор, па така се роди Форт кафе. На наше големо задоволство, странските туристи кои еднаш не посетиле доаѓаат повторно. Најверојатно длабоко во сеќавањето им останало местото, а има и зошто. Мирот, спокојот, погледот, гостопримството и љубезноста на персоналот се реални факти. Дел од персоналот е тука од самиот почеток и е како дел од нашето семејство и приватно, а тоа на ова место му дава голема вредност.

Кајак.мк: Како растеше приказната за „Форт“?
Виолета
:
Приказната се ширеше помеѓу гостите кои го препорачувале на свои блиски, помеѓу туристичките агенции кои го избираа во своите програми како место за мал одмор и од мала мини кафетерија, прерасна во ова што е денес. Внатрешниот дел е како мала галерија, антикварница, музеј на нашето семејство. Околу објектот се наоѓат средени тераси кои претходно беа запуштено место и го нагрдуваа просторот пред тврдината. Сега тоа е една голема цветна градина од каде се протега најубавиот поглед на тврдината. Како што растеше приказната, така растеше побарувачката, па и понудата. За туристите и гостите кои доаѓаа во мали групи, од 4 до 8 лица кои сакаа овде да уживаат во македонска храна, започнавме да организираме интимни ручеци и вечери. Странците сакаат да уживаат во храна со совршен вкус и во мали порции. Ние тој миг го запазивме. За најавените гости организираме “Охридска трпеза”.

Кајак.мк: А каква приказна крои „Форт“?
Виолета: Со оглед на целата приказна, традиција, семејни вредности и обичаи одлучивме да ја раскажеме охридската градска приказна на еден поинаков, потопол, поавтентичен, поуникатен начин, со што на гостите ќе им го претставиме Охрид во едно поинакво светло, Охрид каков што е во суштина. Затоа што Охрид не е само плажа и панаѓур, Охрид е традиција, култура, богатство, дух, љубов … Охрид заслужува да го надмине тој кич кој се продуцира од масовниот туризам и да понуди автентична приказна каква што заслужува и таа не треба да се измисли, таа ја имаме во наследство од нашите семејства.

Нашите гости се најчесто странци кои знаат да уживаат на посебен начин, надвор од гужвите и вревата, ја почитуваат традицијата, сакаат да ги видат охридските обичаи од друг агол. Тивки се, уживаат во секој миг за да остане длабоко во нивните сеќавања. Како убав спомен од Охрид.

Секако тука се и домашните гости кои го доживуваат нашето место како свое. Во надворешниот дел на отворените тераси уживаат сосема опуштено секој на свој начин, дали со поглед на езеро или на тврдина, во мирисот на цвеќињата и широките сенки на старите ореви. Во внатрешниот дел уживаат во нашата семејна приказна, традиција во опуштена атмосфера, место и време само за нив. Гости ни биле и амбасадори и претседатели и обични луѓе кои сакаат да уживаат, да почитуваат и да доживеат поинаква охридска приказна. Ние сме тука за сите, добредојдени се сите.

Кајак.мк: Што ве прави вам уникатни?
Виолета
: За мал број на гости, со задолжителна претходна најава и резервација, храната и пијалоците се послужени во кристални чаши, сребрен прибор за јадење, кристални садови за сервирање, филџани за кафе од порцелан кои се лична колекција на нашите мајки и истите нема денес каде да се купат.

Првото добредојде е со слатко и вода. Задлжително на масата има кристален сад со леблебии измешани со суво грозје и ореви од дворот. Храна послужена во мали количини и во соодветни чинии и прибор, домашни колачиња-визитарски, кафе за “догледање” и “следно видување”. Тоа е охридската трпеза. Има и дополнителни варијанти, мезиња како за главно јадење, но за нив правиме комбинации во зависност од туристите.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Скриени плажи во Македонија: 7 места што ги знаат само локалците

Барате мирно место за капење? Погледнете кои се најубавите скриени плажи во Македонија и откријте природни заливи далеку од летните гужви.

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства

Организиравме уште еден премиум тим-билдинг исполнет со незаборавни искуства.

10 најубави панорамски патишта во Македонија што секој турист треба да ги доживее

Откријте ги најубавите панорамски патишта во Македонија. Од Галичица и Маврово до Мариово и Беласица, ова се 10 road trip рути што нудат незаборавни пејзажи и автентични доживувања.

Лето во Македонија: сезонско овошје, домашна зимница и традиционални вкусови

Откријте како летото во Македонија е поврзано со сезонско овошје, домашна зимница, џемови и традиционални рецепти кои се дел од автентичниот рурален живот.

Летен одмор во Македонија 2026: Скриената алтернатива на скапите медитерански дестинации

Македонија станува сè поатрактивна за летен одмор во 2026 година. Охрид, Преспа, Маврово и Берово нудат мир, природа и пониски цени во споредба со Медитеранот.

Неделно откритие од Македонија: Бонче – Кралската гробница под Селечка Планина

Откриј ја Бонче – Кралската гробница кај Селечка Планина во Пелагонија. Антички локалитет од IV век п.н.е. кој ја открива моќта и историјата на стара Македонија.