09.08.2021

Изработувам „Македoнски мандалии“ за спокој и мир на душата

Изработувам „Македoнски мандалии“ за спокој и мир на душата

Во ера на дигитализација, мобилни телефони и интернет, се поретки се луѓето кои практикуваат традиционално хоби, а кое го наследиле од своите предци. Корените на еден народ се идентификуваат од обичаите и секојдневниот начини на живеење. Но она што не радува е фактот дека во Македонија се уште има луѓе кои може да ја раскажат традицијата преку своите ракотворби. На повеќето од луѓето кои ги познаваме ова им е само хоби за исполнување на слободното време, но не и главен начин на егзистенција.


Таква е приказната на една од нашите нови локални хероини која и ден денес го практикува рачното плетење. Станува збор за Елизабета. Скромна и креативна битолчанка која поривот за творењето го црпи од љубовта кон семејството и нејзиниот град.

Елизабета за себе вели дека е голем вљувеник во Битола, во историјата, традицијата и наследството на градот. Нејзините најблиски пак, за неа велат дека е искрена, чесна и стабилна жена која живее за да создава добрина.


Плетењето отсекогаш ѝ било хоби и активност во која си го наоѓала мирот. Вештината за плетење ја научила уште како мала, но во животот не пронашла доволно време да се посвети на ваквата креативност.

Неодамна, барајќи начин да како да го надополни слободното време со активност која ја опушта, таа започнува да произведува интересни и оригинални креации кои би си го нашле местото дури и во туѓи домови како рачни уникатни изработки.

Вештината ја научила од мејзината баба и тетка, по што вели дека ја продолжила семејната традиција на плетање. Она по кое можеби се разликуваат нејзините дизајни од претходните, е фактот дека Елизабета ги збогатува со духот на денешницата и им дадвс извесна современост и актуелност.


За неа плетањето е мир и радост. Кративна терапија која дава чувство на исполнетост и гордост по секој завршан проект. Досега не размислувала за продажба на ваквите уникнатно дизајнирани производи, но вели дека во скоро време ќе отпочне да ги споделува преку социјалните мрежи, како би се привлекло повеќе интерес за традиционалните ракотворби.

Секој парче има свој дизајн и боја. Сите тие се изработуваат во различни големини. Најчесто се употребуваат конци во разни бои, а за да се поизведен едно парче потребна е работа од два дена. Доколку се избира име, ваквите дизајни би се нарекле „Македoнски мандалии“.

Засега се уште не се достапни дирекни канали за комуникација со Елизабета, но секој кој е заинтересиран да стапи во контакт со нејзе, може да се обратите до нејзината ќерка Софија, со еден клик ОВДЕ

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Скриени дестинации во Европа: Македонија станува нов туристички бисер

Сѐ повеќе туристи бараат автентични и помалку познати места во Европа. Откријте зошто Македонија има потенцијал да стане една од најинтересните туристички дестинации на Балканот.

Овие планински дрвени куќички се наоѓаат во Македонија, а имаат и отворен базен

Во срцето на недопрената природа, на само петнаесет километри од урбаното јато на Скопје, се наоѓаат шест мирни оази изработени од дрво—модерни куќички кои ветуваат одмор за душата и телото.

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија

Баба Лепа на 85 години прави едни од највкусните „кори“ во Македонија. Приказна на Кајак.мк која можете да ја читате додека сте на планина, плажа, пикник, дома или на работа.

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка – откријте го кањонот од вода

Ново на Kajak.mk: Кајак и бродски тури на Матка. Истражете го Матка кањонот од вода, уживајте во езерото Матка, Врело пештера и уникатните природни пејзажи во близина на Скопје.

Катамаран тури на Охридско Езеро – Ново искуство достапно преку Kajak.mk

Откријте ги новите катамаран тури на Охридско Езеро. Панорамски крстарења, Св. Наум, Заливот на Коските, Радожда, Сини Лагуни и приватни пловидби за незаборавно езерско искуство.

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум

Организиравме незаборавен тим-билдинг со кино под отворено небо и вечера на Св.Заум. Кајак.мк со уникатни тим билдинг патувања во Македонија.