25.06.2021

Едно од најдобрите сместувања на Пониква скриено во густа шума

Едно од најдобрите сместувања на Пониква скриено во густа шума

Ова што надвор ни се случува е вистинско лето. Дел од вас ваквите температури ве поттикнуваат да појдете на море или езеро, а дел од вас ваквите температури ги решавате со бегство на планина. Денеска ќе ве запознаеме со домаќинот Влатко, чие сместување е идеално за втората категорија туристи. 

Влатко ја оддржува во живот приказната за „Осоговска Куќа“ која е дел од базата на Кајак.мк. Во „Осоговска куќа“ има ресторан и соби за изнајмување, а она што е доста уникатно е фактот дека таа е на некој начин вистинско скривалиште помеѓу аришовата густа шума. Се наоѓа на 1260 метри надморска височина, на 12 километри од Кочани и 8 километри од туристичкиот центар Пониква.


Точната локација е на само 200 метри од главниот пат кој води кон Пониква. Околината на вилата Осоговска Куќа изобилува со пешачки патеки покрај кој посетителите можат лесно да наберат чаеви, шумски плодови (малини, капини, шумски јагоди…) или едноставно да уживаат во недопрените убавини на Осоговските Планини. Храната во вилата Осоговска Куќа се подготвува во ресторанскиот дел кој работи секој ден. 

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, тогаш кликнете ОВДЕ. 


Остави Коментар

Коментари

  • Monika Shtereva

    27.06.2021 15:25

    Ve molam za ponuda za vikend od petok do nedela za trojca vozrasni i dve deca 4g i 7g.

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.