01.01.2019
Најубавите плажи на Јадран, по изборот на француски Vogue
Најубавите плажи на Јадран, по изборот на француски Vogue
Со одличната репутација, плажите околу Јадранското Море се најдоа во францускиот Vogue.
Престижниот магазин порачува задолжително барем еднаш во животот да ги посетите:
Плажа Zlatni rat
Една од најпознатите плажи во Хрватска, не само поради тиркизното море, туку и поради необичниот облик.

Плажа Punta Rata
Сместена на Макарската ривиера, плажата Punta Rata е доказ дека медитеранскиот рај постои. Ситен песок во комбинација со борови и карпи е она што ќе пронајдете таму.

Плажа Betina špilja
Недалеку од Дубровник, добро скриена под карпите, се крие плажата до која може да дојдете само по вода, пливајќи, со кајак или брод.

Плажа Stiniva
Сместена во мирно подрачје на островот Вис, пристапот е прилично тежок, но тоа е само уште еден плус, бидејќи е едвај допрена од човекот.

Плажа Little Green Bay
Истоимениот хотел Little Green Bay има една од најубавите плажи во целиот регион. Таму може да уживате под дрво со маслинки, на удобни лежалки, а може и да изнајмите маски за нуркање.

Плажа Nugal
Уште една бајковита медитеранска дестинација на брегот на Макарска. Сместена помеѓу карпи и зеленило, нуди апсолутна тишина.

Плажа Dubovicа
На островот Хвар, се наоѓа оваа плажа скриена од ветар, морето е чисто и мирно и е одлична за авантуристи кои сакаат да ја истражуваат околината.

Плажа Banje
Нуди панорамски поглед на стариот град во Дубровник и е една од најпознатите во регионот. Ако се одлучите да одвоите малку повеќе пари, може да си резервирате и лежалки, за да бидете во првите редови до морето.

Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.