06.12.2020

Видов снег на Попова Шапка: Активирајте ги мускулите и прошетајте

Видов снег на Попова Шапка: Активирајте ги мускулите и прошетајте

Попова Шапка е веќе неколку дена по ред покриена со снежна покрива. Ова значи дека време е да го облечете вашиот скафандер и да појдете на планина. Дишењето на чистиот воздух нека биде вашата прва мотивација.

Јана Манева го искористи викендот за активност во природа. Нејзините фотографии испраќаат апел до сите дека викендот треба да го поминеме изолирани од гужбата и сокриени на некоја планина.

И покрај тоа што ски- центрите се уште не работат, не значи дека ние не треба да ги посетуваме.

Прошетката по белата покривка и зголемената физичка активност ќе ве ослободи од стресот и ќе ви помогне барем на миг да заборавите на сето она што се случуваше во текот на цела година. 

За оние кои се уште не се запознаени со овој ски центар еве ги основните информации.

Попова Шапка како туристички центар е познат по планинскиот туризам. Поседува 11 ски-лифтови во должина од 11.000 метри, со капацитет од 8000 скијачи на час и должина на патеката од околу 20 км. Ски патеките се погодни за сите нивоа на скијање, од почетници до професионалци.

Исто така, во текот на летото, се организира авантуристички туризам со професионални водичи за пешачење (Hiking) во најубавите места на Шар Планина.

Попова Шапка е најпознат зимски спортско-рекреативен центар во Република Македонија. Се одликува со голем број на сончеви денови и снежна покривка од октомври до мај. Погоден за сите скијачки дисциплини. Посебно е привлечен за скијачи професионалци и рекреативци. Попова Шапка располага со прекрасни скијачки терени со површина од 35 км2.

Наскоро ќе бидат објавени сите детали кои треба да ги знаете за престојната ски сезона. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!