14.06.2022
Посетуваме диви плажи каде на групата и организираме караоке забава
Посетуваме диви плажи каде на групата и организираме караоке забава
Сакате да го истражувате крајбрежјето на Пештани или пак некоја друга дива плажа покрај Охридско езеро? Од денеска во базата на „Каде Овде“ го додаваме нашиот локален херој Мишко за кој пишувавме минатата година, а кој има доста интересни и забавни тури со кајаци и суп даски.

Мишко е познат по
своите тури со кајаци. Кајаците ги изнајмува од Пештани, каде што се наоѓа
неговата куќа која е на само 5 метри од езерото. Тој има направено уредно убава
плажа која може да ја користат неговите гости и од каде започнуваат турите со кајаци
и SUP даските.
Мишко е лиценциран
инструктор и водич. Тој вели дека за кајакарење не треба да се има некое
претходно знаење и вештина, бидејќи е доста едноставно да се управува со
кајаците, за разлика од СУП даските за кои треба да се има претходна обука, а
кои обуки ги држи тој самиот.
На пазарот е од 2019-та година која започнува со изјанување на кајаци, а од минатата година изнајмува и СУП даски.

Во моментот
располага со 4 дупли кајаци и 4 сипови, што значи дека во една тура може да
спроведе и до 12 лица.
Мишко вели дека може да се приклучат луѓе од секаде, нема ограничување. Сите мора да користат појаси, а тој лично им препорачува места кои треба да ги посетат за време на турата.

Турата тргнува од Пештани и најчесто се движи кон Градиште. На почетокот се посетува „Заливот на косните“, се застанува на некоја од дивите плажи каде се организира караоке забава. Понекогаш дел од турите одат и до црквата Св. Богородица Заумска.


Исто така, Мишко
нуди и планински тури каде има доста искуство. Организира излети на планина. Турите
се со искачување на Магаро како една од поатрактивните тури, а за оние кои не
се доволно кондиционо подготвени овде е Велестово, Коњско, Пештани кои се прекрасни
дестинации за планинарње. По барање на клиентите се прават тури и низ другите планини
во Македонија, како Шар Планина, Кораб, Пелистер и други.
Доколку сакате да
стапите во контакт со Мишко, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Колку мечки има во Македонија? Научниците го бараат одговорот преку ДНК
Колку мечки има во Македонија? За првпат започнува систематско генетско следење на кафеавата мечка, со примероци собрани во природата и современи ДНК анализи.
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Колективно готвење за вкусен ноемвриски тим-билдинг во Вевчани!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Ноемвриски рурален тим билдинг со TaskForce!
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026: Гастрономија и традиција
Недела на италијанската кујна во Скопје 2026 носи гастрономски работилници, мастер-класови и презентации на италијанските регионални специјалитети.
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027: Нови можности за туризмот
Охридски аеродром во зимската сезона 2026/2027 отвора можности за подобра поврзаност со европските градови и развој на туризмот во текот на целата година.
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.