11.11.2020

Изолираната вила „Осоговски Ариш“ идеална за исчезнување во македонската “џунгла“

Изолираната вила „Осоговски Ариш“ идеална за исчезнување во македонската “џунгла“

Од досегашните пребарувања и анализите направени на Google Analytics во месец октомври кога на Кајак.мк пребаруваа над 60.000 патници/читатели заклучивме дека македонците најмногу ги интересира сместувачки капацитети кои се наоѓаат во област каде има можност за денски рекреативни активности. Нашиот тим го радува фактот дека на активниот одмор за време на есенските месеци се повеќе му се дава до значење.

Секоја шума има своја предност, а сигурни сме дека многумина од вас се уште немаат слушнато за шума од Ариш? Ариш е дрво кое расте во Македонија, а Пониква е позната по ова. Во Македонија аришот е доведен во 1950-тите и e застапен со два вида: европски ариш и јапонски ариш. 

Нашата база со приватни сместувања се надополнува со уште една уникатна вила на Пашаџиково, Пониква. Вилата „Осоговски Ариш“ го носи името од истоименото дрво, за кои дрва сопствениците ни раскажуваат дека создаваат природна бања поради идеалната надморска височина од 1100 метри. 

Ооколена со Аришова шума, вилата е уште една одлична опција за луѓето кои работната недела им е исполнета со турбуленции, па за викенд бараат катче каде ќе може да „одморат глава“.

Вилата „Осоговски Ариш“ располага со три сплани соби, две купатила, дневен престој и прекрасен двор. Вилата има камин на дрва во дневниот престој, а спалните соби се опремени со електрични панели.

Во вилата може да се сместат до 10 лица. Опремена е со чисти пешкири, прекривки и навлаки. Подигнувањето на клучот е од локацијата која ќе се договорите со сопствцениците. 

Градот Кочани се наоѓа на 13 километри од вилата. Пониква е плус причина поради која треба да престојувате во овој регион. Покрај чистиот воздух Пониква нуди и ред други можности за уживање и релаксација.
Тука се мисли пред сѐ на пешачките патеки, 16 километарските долги патеки за пешачење кои водат до највисокиот врв во овој регион - „Царев врв”, скијачките терени кои во последно време стануваат многу популарни како поради одличните ски патеки и лесно достапните терени за почетниците кои се уште учат да скијат.

ПОВЕЌЕ ФОТОГРАФИИ И ИНФОРМАЦИИ ЗА РЕЗЕРВАЦИИ МОЖЕТЕ ДА НАЈДЕТЕ СО ЕДЕН КЛИК ОВДЕ

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Домаќински тим билдинг искуства со Кајак.мк низ Македонија

Домаќински тим билдинг искуства со Кајак.мк низ Македонија

Балкан туризам 2026: Нови авиолинии и регионални патувања

Балканот во 2026 станува силно поврзан туристички регион со нови авиолинии и раст на комбинирани патувања. Откријте како се менува туризмот во Македонија и регионот.

Нешто ново во Македонија: Дрвена куќичка со базен достана за изнајмување!

Нешто ново во Македонија: Дрвена куќичка со базен достана за изнајмување!

Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците

Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.

Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна

Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.

Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот

Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?