06.06.2023
Предлог викенд тура од Кајак.мк: Село Смилево: Историја и гастрономија во едно
Предлог викенд тура од Кајак.мк: Село Смилево: Историја и гастрономија во едно
За љубителите на историјата, за луѓето кои ја чествуваат македонската
битка за слободна држава во која ќе живеат идните генерации, селото Смилево е
идеална дестинација која ќе ве потсети на нашето минато.
Времето во село Смилево ко да застанало, сите локални продавници и ресторани го уживаат минатото, а локалните мештани кои живеат овде ќе ви раскажат многу случки од минатото кои можеби и нема да ги прочитате на друго место.

Авторско дело на: Petrovskyz
Село Смилево за нас е едно од најзначајните места бидејќи токму
овде е оддржан Смилевскиот конгрес, а воедно е и родно место на големиот
национален деец Даме Груев. Смилево е и идеална викенд дестинација. Овде навистина
има што да се посети.
Доколку ви треба помош како да ја склопите вашата агенда,
повелете предлог од Кајак.мк:
Пристигнувањето започнете го со посета на прекрасниот Мемориален музеј во кој се поставени меморијалната соба за Смилевскиот конгрес од 1903-та година, соба за Смилево во Илинденското востание, Спомен соба за животот и револуционерната дејност на Даме Груев, спомен соба за Партизанскиот одред „Даме Груев“ и етнолошка соба за Смилево.

Авторско дело на: Petrovskyz
По посетата на меморијалниот музеј, ви препорачуваме да се упатите пеш кон прекрасниот манастир Св. Петар и Павле, кој се наоѓа на прекрасна локација, а самата градба и двор на манастирот ќе ве остават без зборови. До манастирот има околу 20 минути пешачење.

По манастирот, пешачката тура ја продолжувате кон меморијалниот парк за Даме Груев кој се наоѓа во прекрасна природа и опкружен со многу дрвја, а по паркот турата ја комплетирате во локалниот ресторан Костенче, кој таинствено и гордо стои во Смилево и ги храни гостите со вкусна локална храна.

Авторско дело на: Petrovskyz
Доколку
сакате да го погледнете ресторанот Костенче кој од денеска е дел од базата на
Кајак.мк и да резервирате ручек, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!