05.05.2021

Уникатно скривалиште на брегот на Преспанско Езеро

Уникатно скривалиште на брегот на Преспанско Езеро

Од Пониква патуваме на Преспанско езеро каде ја запознаваме домаќинката Румјана, чие уникатно сместување „Апартмани Galaxy“ од денеска е дел од базата на Кајак.мк. Румјана вели дека нејзиното сместување е идеално за млади брачни парови и семејства со мали деца кои бараат тивки и мирни локации за престој.


Апартманите „Galaxy“ се наоѓаат на 100 метри од плажата, со прекрасен поглед кон зелениот двор.

Во склоп на апартманите има и ресторан кој се наоѓа непосредно до брегот на езерото, а кое ви нуди одлично уживање за време на вашиот доручек, ручек, вечера или додека го пиете вашето утринско кафе. Ова е одлична прилика за луѓето кои немаат намера да подготвуваат оброци додека се на одмор. Туку едноставно сакаат уживање. 


Наш совет е да дегустирате преспански крап во фурна кој е специјалитет на ова поднебје и секако да се насладите со десерти кои се подоготвуваат од локалното овошје.

Домот на Румјана има огромен зелен двор, опкружен со дрва и шаренило. Плажата е скоцкана и чиста, бидејќи како што вели тој, хигиената му е слаба страна и постојано внимава да нема никаков отпад околу неа. Пред почетокот на пандемијата, Румјана има организирано забави на плажа. Сигурно на повеќето од вас кои го читате во моментот четивото ви недостасува коктел, плажа и зајдисонце, зарем не?


Таа вели дека „White Sensation“ забавите придонесуваат Преспанското Езеро да биде рамо до рамо со светските туристички дестинации.

Покрај тоа што забавите денеска се ограничени, во склоп на Galaxy може да се организираат приватни фамилијарни и семејни прослави, семинари, спортски активности, тим билдинзи и можеби модерни венчавки на зајдисонце?

Румјана вели дека доколку се нуди квалитетна услуга како што ја имаат тие на сезоната и би немало крај. Во текот на есенските и зимски денови, дел од туристите се одлучуваат да резервираат подолг престој овде, како би можеле да работат он-лајн од својот лап топ и да уживаат пешачејќи покрај езерото.


Доколку се одлучите да престојувате во апартманите „Galaxy“ она кое нашиот тим ви го препорачува е да ги посетите локалните села Долно Дупени, Брајчино, Отешево, каде може да уживате во селската идила. 


Наш совет е да го посетите и националниот парк Галичица, каде може да возите велосипед или пак да собирате шумски чаеви за дома.

Апартманите се идеално сместување за луѓе кои бараат мир и тишина и секако добри зајсидонјца. Повеќе информации за нив можете да најдете со еден клик ОВДЕ.  

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!