29.11.2020
Вила во Никифорово идеална за снежни денови!
Вила во Никифорово идеална за снежни денови!
Полека но сигурно ни доаѓа снегот, а со тоа и желбата на тимот на Кајак.мк да споделува со вас нови сместувачки капацитети кои се иделани за снежните денови. Ова е прва вила во нашата база која е лоцирана во Никифорово, место идеално за семеен одмор, мирно и чисто. Околу Никифорово има доста пешачки патеки, езерото од вилата е на само три минути пеш, а ски центарот за кој се уште немаме информации дали ќе работи годинава се наоѓа на 6 километри. 
Нашиот тим ја препорачува ова вила на луѓе кои бараат места каде може да одморат глава од хаосот. Околината е богата со лековити билки и растенија. Во подоцнежната пролет зреат миризливи шумски јагоди, малини, а пак во есента капини црни како грозје. Од светот на фауната на овие простори можеме да го сретнеме и рисот, кој се смета за национален симбол на Македонија, отпечатен на македонската петденарка. Интересно е дека неодамна беше фотографиран женски рис кој е регистриран од МЕД.
Доколку сакате да погледнете повеќе информации за вилата кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!