12.05.2021

Активниот туризам ми помогна да се заљубам во Македонија

Активниот туризам ми помогна да се заљубам во Македонија

Оние кои редовно ги читаат нашите патувачки приказни, со сигурност ќе заклучат дека Кајак.мк е во постојана потрага по луѓе- херои кои прават мали нешта од огромно значење во развојот на туризмот. Секој може да биде добар промотор на туризмот во Македонија. На денешно време се што ви е потребно е мобилен телефон и желба да прошетате наоколу во државата.

Денеска ве запознаваме со Менче Јовановска, жената хероина која со години наназад е активен промотор на убавините на нашата земја.

Менче е гласна во намера да убеди што е можно поголем број жени да му се препуштат на здравиот и активен начин на живеење. За Кајак.мк одвои еден ден да ја истрча животната патека од почеток и да ни ги раскаже нејзините почетоци и промени кои настанале кај неа.

За неа спортот е важен дел од животот уште од најраните години, но вели дека е активна во последните 10 години.

Таа е планинарка, вози велосипед, обожава да трча, да вежба и плива преку лето. Се сеќава на првите планинарски тури. Ни раскажува дека љубовта кон планината ја имала од мала, но со активно планинарење започнала по една организирана тура до Црн Камен на Јабланица, кога воедно го искачила и првиот врв во нејзиниот живот.

Менче вели дека планината ја ослободува од стресот, ја воздигнува во облаци и и дава бесконечна восхит.

По Јабланица, започнуваат нејзините активни планинарски авантури. Од Шара, Кораб, Стогово, Јабланица, Дешат па се до нејзиниот дом „Галичица“ за која планина вели дека треба секој да ја посети.

„Начинот на кој изгледам денес ме мотивираше да продолжам да го држам ваквото темпо на живеење. Сега сум среќна што успеав да го направам спортот важен дел од мојот живот, но сакам да остане вака засекогаш, раскажува таа. Воедно додава дека запознала многу пријатели ширум Македонија со кои патувала на многу дестинации, чекореле по многу планински патеки и искачиле многу врвови.

Менче е меѓу првите редови на мнгоу маратони и трки. Учеството на трките во Македонија го смета како задолжителна „обврска“. Она што ја држи во постојана кондиција е трчањето
по кејот на Охридското езеро кое и дава чувство на смиреност.

Таа смета дека има доволно девојки и жени кои спортуваат и дека таа бројка значително се зголемува во најново време. Според неа, најважно е останатите да го следат овој тренд, бидејќи само така ќе направат промени кај себе.

Покрај трчањето, Менче вели дека велосипедизмот покрај езерото е идеално во летните денови. Во зависност од кондицијата, таа ја препорачува турата од Охрид до Струга, но и Калишта, Радожда, Трпејца и Св. Наум, а оние кои се доволно подготвени им препорачува да направат круг околу целото езеро.

Успесите ги гледа во новите стекнати пријателства од патувањата. Вели дека успехот е последица на довербата која ја има во себе. Најважно е да се има љубов кон природата, без разлика дали некој сака планинарење, велосипедизам, трчање или пливање.

Менче ги мотивира сите жени да се одлучат на поголема физичка активност. Бидејќи како што вели таа игра огромна улога во здравиот живот. Тоа е индикација за здрав, културен и социјален живот.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк со ново сместување на планина Обозна- 1000мнв!

И тогаш кога ќе помислите дека сè сте виделе и посетиле во Македонија, Кајак.мк ве води на ново место и нова локација!

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

741 илјада туристи за седум месеци: Македонија може многу повеќе

Македонија има што да понуди, но туристичкиот потенцијал сè уште е поголем од бројките Во првите седум месеци од 2026 година Македонија регистрирала 741.446 туристички доаѓања. Растот е мал, а следниот чекор е подолг престој и повеќе причини за патување низ земјата.

Доаѓа викенд: кои диви животни може да ги сретнете на планина во Македонија?

Планирате планинарење? Дознајте кои диви животни живеат во македонските планини и како да постапите ако забележите мечка, дивокоза, волк или змија.