06.02.2023

Сместување во Галичник: Локално искуство од храна до запознавање мештани

Сместување во Галичник: Локално искуство од храна до запознавање мештани

Ако има нешто за кое треба да размислувате во овие студени денови, тоа е прашањето каде да прошетате низ Македонија во текот на летниот период. Читателската и патувачката публика на Кајак.мк е поразлична од класичните патувачи кои бараат само сместувања без да го почувствуваат духот на пределот кој го посетуваат. Ние како платформа имаме цел да ви овозможиме да дознаете што е можно повеќе факти за регионот во кој ќе престојувате или според нашето мото во 2023-та година: Да бидете туристи во чевлите на локалното население.

Денеска, сакаме да ве запознаеме со домаќините на „Баба и Деде“, за дел од вас веќе позната гастро дестинација, но за повеќето ова е нов предлог сместување во Македонија.


„Баба и Деде“ е локален ресторан кој служи традиционална локална храна, а нуди и сместување во Галичник.

За Галичник велиме дека е село кое секој македонец треба да го посети барем еднаш во животот, бидејќи како што милуваме да кажеме, по посетата на Галичник, патриотската љубов кон Македонија расте двојно!


Домаќините кои ги отворија своите врати за светот на Кајак.мк велат дека Галичник нуди многу можности за активен и рекреативен туризам (дел од нив можете да ги погледнете во категоријата „КАДЕ ОВДЕ“). Самата местоположба е идеална за кратки прошетки, со посета на црквата Св. Петар и Павле каде со сигурност во дворчето ќе запознаете некој пензионер кој ќе ви раскаже многу приказни за Галичник. Овде се наоѓа амфитеатарот кој преку летниот период го полни центарот на Галичник со доста посетители кои доаѓаат да ги проследат Галичката свадба, но и многу други културни настани кои се организираат во текот на летниот период.


Регионот на Галичник изобилува со шумски патеки кои водат низ прекрасна природа која пак нуди погледи кои ќе ве остават без здив. Такви локални панорами се карпата Говедарник и секако врвот Меденица.

За Галичник има многу што да се раскажува, но сакаме тоа да го слушнете на самата дестинација.

За сместувачкиот капацитет, фотографии од сместувањето како и контакт број за резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.