12.07.2023

Мала семејна винарија со фокус на органското производство

Мала семејна винарија со фокус на органското производство

Органското одгледување на грозјето има се поголем замав во Европа, а Македонија како земја која е позната по виното е во фаза на постепено зголемување на своето производство на вакво вино кое во моментот држи висока цена на светскиот пазар.

Денеска, тимот на Кајак.мк ќе ве запознае со малата семејна винарија „Захарчев“ која е со седиште во срцето на Кавадарци, а која во моментот произведува вино исклучиво од балкански автохтони сорти грозје кои пак ги одлегува без користење на хемикалии.


Винаријата се наоѓа во Кавадарци, во близина на спортската сала, а регистрирана е во 2020-та година, кога измените на законот за винарии станаа реалност и им овозможија на малите производители конечно ја добија шансата да прераснат во нешто повеќе.


Фамилијата Захарчев отсекогаш проиведувала вино и ракија, а денеска нивото произвоство на вино е исклучиво од балкански автохтони сорти како Станушина, Пловдина, Темјаника, Вранец и Прокупец. Вранецот и Прокупецот покрај класичната верзија го произведуваат и во барикна верзија која стои до 15 месеци во дабови буриња.


Веќе втора година по ред винаријата има органско производство во преод што значи дека нема употреба на пестициди, хербидици и инсектициди при одлегувањето на грозјето.


Од денеска „Захарчев“ е дел од светот на Гастрономија, а локација и контакт од винаријата можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.