05.10.2022

Јас сум првиот производител на ракија од јапонско јаболко во Македонија

Јас сум првиот производител на ракија од јапонско јаболко во Македонија

Ракијата можете да ја нарачате со достава до вашиот дом со еден клик ОВДЕ.

Денеска сакаме да ве запознаеме со Костадин Воданов, првиот човек во Македонија кој произведува ракија од јапонско јаболко. Костадин е дел од нашите програми за тим-билдинг патувања во регионот на Дојран. Покрај Мандрите на кои можете да ручате со вашите колеги, специјалитетите од печена риба на трска, југот на Македонија може да ви понуди и дегустација на разни алкохолни пијалоци.


Костадин Водванов вели дека идејата дошла сама по себе од желба да се создаде нешто ново. Во изминатите пет години експериментирал, а веќе минатата година со повеќе труд успева да со создаде идеалниот рецепт. Денеска тој има машина која го дроби и меле плодот, како му го преработува во смеса која подоцна одлежува.


Костадин својата ракија ја произведува во Стојаково. Од Богданци набавува обична јаболка, а има свои насади од 300 садници јапонско јаболко. Произведува ракија од чиста јаболка, од јапонска јаболка и микс од двете јаболки.


Производниот процес е сличен како и процесот на производство на други видови овошни ракии, од берењето, фрементацијата, дестијацијата, одлежувањето и се до додавањето на вкусови.


Костадин вели дека вкусот е уникатен и дека добивал многу пофални зборови од своите блиски пријатели и од купувачите.

Покрај пофалните зборови, Костадин веќе се закитил со неколку награди и признанија. Една од повеќето награди ја добил на манифестацијата „Чувари Традиције“ која се одржува во областа Апатин во северна Србија, настан на кој се промовираат разни ракии од повеќе земји учесници. Овде добива прва награда за најдобра „Лозова Ракија“.


Костадин од денеска е дел од нашата база на Гастрономија, а сметаме дека дел од вас сака да стапи во контакт со него.

Остави Коментар

Коментари

  • Љупче

    08.12.2023 15:56

    Здраво Костадин .поздрав до тебе и сака да те прашам нешто во врска со ракијата од јапонско јаболко ,може да ми кажеш на пример од еден казан од 120 килограми колку може да пушти ракија ,? Поздрав

  • Vera Egger

    01.09.2023 06:51

    Cestitki za idejata i postignatiot teud. Kade moze da se nabavi rakijata od Japonska jabolka?

  • Ubavka

    08.10.2022 15:45

    Bi sakala da probam od vasata rakija

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!