28.12.2020
Кожуф е најубав во зима: Димитар го фотографира животот на планината
Кожуф е најубав во зима: Димитар го фотографира животот на планината
Секој си има свој омилен водич! Ако нас не прашате кој ни е омилен водич за добра фотогафија на Кожуф планина, не се страмиме да кажеме дека тоа е Димитар Новаков.
Следејќи ги чекорите кои ги прави овој млад фотограф, листејќи ги неговите фотографии на инста профилот @novakovdimitar, може да се заклучи дека тој ја живее планината. 
Преку неговите фотографии, Димитар го раскажува сонот на една од најубавите планини во Македонија. Планината која изобилува со својата недопрена природа.
Новаков вели дека секој може да направи добра фотографија доколку појде на планината. Според неговите совети, најважно од се е да го почуствуваме пулсот на Кожуф и го фотографираме тоа што планината ни го нуди, а не тоа што ние го бараме. 
Малечките бачила му се дел од омилените локации за фотографирање. Бачилата ги има насекаде, а доста од нив се наоѓаат во падините на планината, што веќе може да се заклучи и од каде би започнала фотограферската тура.
Димитар советува да се внимава на временската прогноза, бидејќи Кожуф е доста специфична планина, која го менува своето расположение во кратки интервали. Заштитна опрема за дожд, ветер и снег треба да имаме во зависнот од периодот кога ја посетуваме планината.
Да направите добри фотографии без разлика на годишното време треба да ја посетите планинската населба „Круша“, советува тој. До Круша води земјин пат по кој треба да пешачите пеш, а верувале или не, цели 7 километри патот е заробен од густа шума со огромни дрвја.
Од самиот врв на Кожуф можете да направите фотографии кон Дојранското езеро, а во текот на зимата, фотографиите на врвот вредат милиони. 
Наш совет е да не поаѓате сами доколку никогаш не сте стапнале на планината. Без разлика на годишното време, на планина секогаш се оди со искусни планински водичи, кои може да ви одговорат на секоја ваша потреба.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!