15.09.2021

Апартмани во Пештани идеални за цела година

Апартмани во Пештани идеални за цела година

Кога престојуваме во уникатно сместување недалеку од брегот на Охридското езеро не е важно дали е лето, есен, зима или пролет. Погледот кон езерото и брановите кои шумат во текот на ноќта се двете придобивки кои ќе ни ги наполнат батериите, макар и за само еден викенд.

Вилата Кочески е дел од базата на Кајак.мк за кое сместување домаќинот Тони вели дека може да се престојува и со домашни миленичиња.


Предноста од престојувањето во ова вила е тоа што се наоѓа непосредно до кејот на езерото по кој може да уживате со утринско трчање или пешачење. До самата вила има багремова шума, а самата вила има простран двор во кој може да се подготви скара.

Среќни сме што домаќините на вилата се PET FRIENDLY, a исто така им овможуваат на гостите и заеднички дружења во дворчето во кое има поставено маси и столови.


Соседството е мирно, а областа е доста тивка, што ви овозможува услови за он-лајн работа. За оние кои не беа во можност да искористат летен одмор, тимот на Кајак.мк им ја препорачува вилата како место за брз рестарт и есенско полнење на батериите.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервации кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.