22.06.2022

Од карабина изградивме прекрасен ресторан на 1500 мнв

Од карабина изградивме прекрасен ресторан на 1500 мнв

Базата на Кајак.мк секојдневно си крчка со нови гастрономски дестинации кои ни привлекуваат се повеќе љубители на добиот залак на нашата платформа. Секојдневно ве запознаваме со нови домаќини и локални херои кои прават се од себе за да го развиваат локалниот туризам во нивниот крај. Денеска ќе ве запознаеме со Сашко Митовски, домаќинот на конакот „Калин Камен“ кој ги отвори своите порти за вистинските гурмани и патувачи.


Сашко ја сподели приказната за настанокот на конакот. Овој објект постои од 2002-та година како планинска карабина, но од јуни 2021-та до истиот месец наредната година овој објект ја добива својата нова надоградба и започнува да гункционира како ресторан кој нуди прекрасен поглед и вкусна храна.


Конакот е стациониран на 1500 метри надморска височина на Осоговските планини. За да стигнете до конакот треба да се упатите кон патниот правец до манастирот Св. Јоаким Осоговски, а по посетата на манастирот да продолжете нагоре кон врвот Калин Камен, каде попатно ќе го сретнете конакот. До манастирот можете да пристигнете и со автобуски превоз, но до конакот можете исклучиво со автомобили, мотори или други помали транспортни возила.


За оние кои ќе се одлучат да го посетат конакот, наша препорака е да го посетат и езерото кое се наоѓа погоре од конакот, а кое е одлично за уживање. Сашо вели дека гостите го сакаат ова место пред се поради природните убавини со кои избовилуваат Осоговските планини, зеленилата, дабовата, буковата и боровата шума и секако прекрасните ливади.


Што се однесува до специјалитетите на куќата, овде ви препорачуваме да се нагостите со домашни зелници, баница, пита под сач, качамак, месо подготвено на повеќе начини, како и специјалитетите на куќата: Плескавица Калин камен, како и јунешкиот бифтек.

Доколку сакате да стапите во контакт со домаќините и извршите резервација, кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат

Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.

November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември

November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.

Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите

Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.

Стоби: нови откритија во римскиот театар

По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.

Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк

Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!