13.06.2023
Со лице кон природата, со грб кон вревата: ХАЛКБАНК со нова креативна кампања за станбен кредит
Со лице кон природата, со грб кон вревата: ХАЛКБАНК со нова креативна кампања за станбен кредит
Халкбанк, банката
што постојано наоѓа креативни и иновативни начини за комуникација на своите
производи, го најде идеалниот начин да пренесе порака во која, како и досега –
важна е природата.
Во изминатиот период, низ главните крстосници во Скопје осамнаа билборди што директно зборуваат за алтернативниот, не толку популарен начин на домување: подалеку од вревата, поблиску до природата. Користејќи ја задната, таканаречена Б-страна на билбордите во центарот на градот, кои најчесто самите се опколени со зеленило, Халкбанк на идеален начин дава одговор на вечната дилема „дали да живеам во внатрешноста на градот или подалеку од асфалтот, поблиску до природа“.

Како и билбордите,
така и градот има своја А-страна, полна со метеж, бучава, сообраќај и поголема
концентрација на загадување во воздухот. За разлика од „популарната“ страна, Б-страната
на градот е опколена со зеленило, паркови, маалски живот и спокој.
Едноставно, A-страната на градот не е веќе најдобрата опција за квалитетно домување.

Преку пораките
затскриени во зеленило, како што се „Оваа страна на билбордот расцутува во
пролет“, „Оваа страна на билбордот видела повеќе врапчиња отколку возила –
избери стан на зелена локација“, Халкбанк го зема предвид трендот на избирање
локации надвор од сообраќајниот метеж и градската бучава, таканаречената Б-страна
на градот, и го поттикнува на навистина поволни услови на пазарот.
Вртејќи го своето
лице кон природата и зеленилото, а грбот кон метежот, оваа кампања на Халкбанк,
креативно изработена од Меккен, уште еднаш покажа дека луѓето, заедно со
природата, се, биле и ќе бидат важни, на првото место на пиедесталот на
приоритети на Банката.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!