22.01.2021
Редовно пливам во Охридско езеро среде зима
Редовно пливам во Охридско езеро среде зима
Живеам за нови
авантури, бидејќи Македонија има многу на кои досега не сум бил и не сум ги
открил, со вакви збророви Аднан Оџоски од Охрид го започна разговорот со
Кајак.мк

Аднан е човекот
кој секоја зима се капе во водите на Охридското езеро, а преку лето избегнува
да го прави тоа. Аднан е авантуристи, патник кој сака да го перцепира туризмот
и патувањето од поинаква гледна точка за разлика од повеќето.

Тој вели дека
спортува од кога памети за себе. Сака да го комбири спортот и патувањето.
Капењето во Охридското езеро на зима го започнал уште пред неколку години. За
првпат во ладна вода влегол на водопадите во Thethi во Албанија. Го импресионирала убавината на
местото, бистрата вода и околната шума и иако било многу студено тој не можел
да одолее па скокнал во водата.

Од тогаш тој
редовно плива во Охридското езеро на зима, а преку лето поретко поради
поголемиот број туристи. Летото го користи за да се капи на водопади и
планински езера низ државата и надвор од неа, а како што вели тој, важно е да
знаете дека водата на водопадите во летото е постудена отколку водата во
езерото на зима.

Аднан е заљубен и
во велосипедизмот. Често патува со него. Секоја нова фотографија која ќе ја
забележи на социјалните мрежи му дава причина да се качи на него и да ја посети
таа дестинација.

Најдобри дестинации за со велосипед ги потенцира Кајмакчалан, Пелистер и Јабланица. За планинарење го сака водопадот на Јакупица, Бабуна, Тресонце, Шарпланина и Лешница.
Аднан како и сите
други туристи се надева дека 2021-вата година ќе ги отвори границите и ќе стави
крај на пандемијата. Се надева дека ќе може да посети дел од дестинациите кои
му се на листата за патување како водопадите во Валона, ски-центарот
Кајмакчалан, врвот Мусала, Вихрен и термалните води во Добриниште во Бугарија.

За него, на крај
на денот најважно е да се ужива во патувањето. Да се бара нови авантури и во
време на пандемијата, бидејќи само така животот е поинтересен.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!