11.08.2022
Сместување во облаците: Посетете го „Старо Село“
Сместување во облаците: Посетете го „Старо Село“
Понекогаш на нашите четива им додаваме наслов во зависност
од инспирацијата која ни доаѓа додека го пишуваме текстот и ги гледаме фотографиите
кои ни ги испраќаат домаќините.
Но нашите наслови соодвестуваат со сместувањата, бидејќи
навистина можете да го доловите тоа чувство кое сакаме да ви го потенцираме.
Денеска ве запознаваме со уште едно ново сместување кое е дел од базата на Кајак.мк, а кое се наоѓа во уникатното планинско селце „Старо Село“. За оние кои не слушнале за Старо Село, еве збор два повеќе за него:

Селото се наоѓа во северниот дел на областа Долни Полог, оддалечено 25 километри северно од Тетово. Западно од селото се издига Шар Планина. Она што го прави уникатно селото е надморската висина и одличната поставеност која му овозможува прекрасен поглед кон котлината. Селото е на околу 1000 метри надморска височина, а во денови кога маглата се спушта во котлината, вие имате чувство како да престојувате во облаците.

Домаќинот Зоран кој ни отвори вратите за светот на Кајак.мк вели патот до самото село поминува низ прекрасна природа, каде покрај историските факти за селото, вие имате можност да уживате во еден природен музеј.

Селото го посетуваат доста планинарски групи и здруженија бидејќи се наоѓа на еден од патиштата кои водат до врвот Љуботен. Многу од групите можете да сретнете на самата селска спомен чешма „Братство и единство“.

За оние кои не се доволно физички активни планинари или оние
кои имаат во план да отпочнат со планинарење, совет од тимот на Кајак.мк е да
го посети селцето каде ќе запознае доста планинари, а ќе може да ги користи и
околните патеки за прошетка низ шумата.
Доколку сакате повеќе информации и контакт за резервација,
кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.
10 евтини градови во Европа за викенд-патување
Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.
Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк
Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.
Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе
Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.