03.07.2020
Се заљубивме во „Осоговски конак“ на Пониква
Се заљубивме во „Осоговски конак“ на Пониква
На
само час и половина од Скопје и на 1650 метри надморска височина се наоѓа
Пониква. Доволно позната туристичка дестинација во текот на цела година. Во
зима лек за белите дробови, а преку лето чист воздух како лек за стресот.
Барајќи релаксиран викенд се со цел да заборавиме на напорната работна недела, се решивме да го посетиме „Осоговски конак“ на Пониква. Сме слушале многу од наши пријатели кои веќе биле таму, па затоа ни дојде и нам како идеја да го посетиме ова место.

Прво
нешто што ќе ви падне на памет кога ќе го слушнете зборот „конак“ е традиција и
историја. Можеме и да се согласиме дека ова место навистина го заслужува
своето име. Пред се поради својата автентичност, а после се и поради љубовта
кон работата на сопствениците коишто веќе години наназад го градат брендот.
Пониква сама по себе е прекрасна планина, нејзните убавини и прекрасните песјажи се нешто што е неминовно овде. Ладовина, мир, спокој и чист воздух е она што му е потребно на од најмладо до највозрасно лице.

Но тоа не би било доволно само на еден ден, па затоа ние ви препорачуваме да го одвоите викендот, па и повеќе денови доколку сте во можност за да уживате во одличната услуга која ја нуди конакот.

За престој и ноќевање, без сомнеж ви го препорачуваме конакот. Знаете зошто? Затоа што сите простории се уникатно опремени со етно елементи, но доволно модерни за да ви одговорат на сите потреби. Погледот од прозорците освојува. Па затоа замислете како вашето утринско кафе го пиете со планински поглед. Или пак за гурманите, замислете како овој автентичен македонски амбиент ви овозможува богата македонски трпеза, од дивеч до разновидни специјалитети од осоговското поднебје.

Сопствениците
на комплексот „Осоговски Конак“ веќе ги отворија вратите и на
апартманите и собите со кои располагаат. По најбезбедните протоколи за
сместување, редовно дезинфицирање, обучен персонал и селектирана здрава храна.
Што треба повеќе?

Апартманите на конакот се опремени со: брачен лежај, помошен лежај, парно грење во зима, тв, сопстветно купатило, интернет и одличен амбиент.
Собите се опремени со: брачен лежај, сопствено купатило, тв, парно греење за во
зима, интернет
Имаат обезбеден сопствен паркинг простор за возила.
Цените за ноќевање се: 600 денари во лето по лице, 800 денари во зима по лице
поради грејната сезона
За
деца од:
-0
до 3 години/ бесплатно
- 3 до
10 години / 50%
За повеќе информации можете да се јавите на: 078-567-123 078-400-577
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!