20.07.2020
Лекот е во планината
Лекот е во планината
Последниве години планинарењето во нашава држава станува сè попопуларен спорт и атрактивен дел од алтернативниот туризам, но ни оддалеку објектите во кои престојуваат планинарите не ги задоволуваат потребните стандарди. Особено постојните планинарски домови не одговараат на потребите на младите идни планинари, пишува porta3.mk

Планинарите, планинарските друштва, Федерацијата на планинарски спортови на Македонија, љубителите на природата и екологистите, сите заедно се свесни дека ситуацијата е загрижувачка. Затоа е потребна итна проектна стратегија за изградба на нови објекти со нови содржини и реконструкција на постојните објекти. Само за споредба, Австрија има околу 700 планинарски домови и планинарски куќи со највисоки стандарди, современи содржини и функции.

Планинарењето во Австрија е фантастично, зашто е фантастична организацијата и затоа планините и планинарењето ѝ носат на Австрија една милијарда евра годишно во БДП. Во Македонија едвај некако функционираат 30 планинарски домови, кои работат главно само за викенд. Има уште петнаесетина, кои се запуштени и изгорени во пожари и со нерешена сопственост. Кога би направиле споредба со Австрија, имајќи ги предвид бројот на жителите и површината, следува дека треба да имаме некаде околу 180 објекти за сместување и за обука на планинарите.

Со жалење може да констатираме дека сме многу далеку од тоа колку инвестира Австрија во планинарењето и како создава услови за овој масовен спорт. Нашите планинарски друштва би биле задоволни ако би ја имале поддршката на државата за масовно планинарење барем со една третина од бројот на горната споредбена бројка, односно 60 функционални и современи објекти.
Повеќе за текстото и активностите можете да прочитате на Порта3.мк
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!