14.05.2024
Во село Горно Соње се наоѓа винарија „Joveski Garage Winery“
Во село Горно Соње се наоѓа винарија „Joveski Garage Winery“
Традиционалниот амбиент, а особено самата порта на малата семејна винарија „Joveski Garage Winery“ говорат за умешноста на оваа семејна приказна во создавањето на една уникатна винска приказна.

Тимот на Кајак.мк
денеска ве води во селото Горно Соње, каде разговараше со господинот Пеце,
човекот кој стои позади уникатноста на „House of Gorno Sonje“.
Денеска, оваа винарија е попатна дестинација на многу странски туристи кои уживаат во квалитетните вина зреани на јужната страна на Водно.

Пеце вели дека винаријата произведува три црвени вина, како Каберне Совињок кој е познат под брендот „Koshtan“, Вранец како „Azmak“ и Куве познато како „Padina“. Овде е и белото вино Ризлинг.

Самата семејна винарија нуди можност за посета и дегустација на виното, но како што велиме во Кајак.мк, секоја посета во Македонија, треба да биде со претходна резервација. Дегустациите може да бидат парирани со закуски, а просотор е идеален за групи од десетина гости кои може да престојуваат во затворен или отворен простор.

Винаријата ја
крои својата приказна скоро 40 години, а својата официјалност ја добива со
регистрацијата во 2022-ра година.
Доколку сакате
повеќе информации, фотографии, како и контакт за резервација кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.