25.12.2021

Апартмани во Виница достапни во базата на Кајак.мк

Апартмани во Виница достапни во базата на Кајак.мк

Еј друштво патувачи. Тимот на Кајак.мк е среќен да ве информира дека од денеска ја надополнуваме нашата база со првото сместување во Виница кое може да го резервирате, а со тоа и да го истражете регионот и градот. 

Од Виничкото кале, градскиот музеј и паркот, па се до запознавање на нови локални херои кои може да ви го престават градот на еден поразличен начин. 


Foto: Mia.mk

Името Виница потекнува од зборот ВИНО, бидејќи подрачјето на Виница во минатото било познато по своите лозови насади. На теракотните икони пронајдени на локацијата Виничко Кале името на градот е запишано како Винеа или Винце.Според локалната легенда името настанало во период од неколку сушни години кога наместо со вода, куќите биле градени со вино.

Евлија Челебија во втората половина на 17 век, за ова мало место забележал: „Патувајќи четири часа низ гори и планини, пристигнав во Виница, познато место по големиот пазар на земјоделско-сточарски производи. Местото го викаат Јени-пазар (Нов-пазар)“. Поради овој голем и богат пазар со стока, кој инаку се одржувал секоја недела, Виница подолг период била именувана токму во белешките на Челебија.


Foto: www.progressive.org.mk

За оние кои сакаат да пешачат во околината и да ја истражат историската страна на регионот, треба да знаат дека во самиот град на Виница и во нејзината околина има доста археолошки наоѓалишта. Овде се:
Виница, средновековна населба
Пазариште, населба од римското време.
Виничко кале, утврдена населба од доцноантичкото време.
Горица, населба од доцноантичкото време и старохристијанска базилика.
Ила, некропола од железното време.


Домаќинот на апартманите Ангел вели дека апартманите се идеални за луѓе кои сакаат да останат на краток но и на подолг период во градот. Во нив може да се сместат од фамилии до пар од двајца. Во околината на апартманите може да се најдат ресторани, пицерија, кафулиња и супермаркет. 

Доколку сакате повеќе информации за сместувањето, фотографии и цена кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.

Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови

Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.

10 евтини градови во Европа за викенд-патување

Кои се најевтините градови во Европа за викенд? Откријте 10 дестинации, нивните знаменитости и како да го испланирате буџетот за патување.

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.