05.08.2023
Во село Гари се наоѓа најдобриот етно ресторан кој нуди многу повеќе од храна
Во село Гари се наоѓа најдобриот етно ресторан кој нуди многу повеќе од храна
Не ја пропуштајте можноста да го посетите село Гари во екот
на летото, бидејќи само така ќе можете да напавите вистинска спореда од
пеколните котлини и свежите падини на планината Стогово.
Тимот на Кајак.мк е среќен што ќе ви ја сподели веста дека од денеска во базата на „Гастрономија“ го додава прекрасниот етно ресторан „Маргуле“ кој којшто се наоѓа во селото Гари, а кој ресторан има превкусна храна, а нуди и прошетки со коњи по планински падини со посета на дел од бачилата на ова живописна планина.

Ресторанот се наоѓа во склоп на Вила Топила која располага со 5 трокреветни апартмани кои се целосно опремени, што ви дава можност да го поминете целиот викенд на планина и покрај познатата Гарска река која поминува покрај самата вила.

Вилата е прекрасно уредена и претставува главна атракција за многу од туристите, а она што ја комплетира нејзината убавина е меаната Маргуле, направена во етно стил, каде што по многу поволни цени ќе може да ги пробате вкусните јадења спремени по традиционален рецепт и начин. Во ресторанот има и рибник со свежи риби, каде што може да уживате во вкусот на крапот и пастрмката. На ова место може да го најдете најдоброто гарско овчо сирење, кое претставува задоволство за секој оној кој ќе го вкуси.

Вилата има и свој паркинг кој се наоѓа на само 50 метри. Бидејќи е лоцирана на повисоко, планинско место, постои голема температурна разлика во споредба со градските населби, па така во текот на летниот период се задржува ладно и пријатно време. Доколку сте љубител на природата, уживате во прекрасна храна, сакате да избегате од вревата на градските улици и да уживате во шумот на реката, да поминете неколку дена на планина, Вила Топила и меаната Маргуле се идеалното место за Вас!

Гари е планиско село кое изобилува со многу водопади,
прекрасна природа, на кои оние кои ќе го посетат не можат да останат
рамнодушни. Она што го прави интересно ова прекрасно, мало, местенце се начинот
на кој куќите се градени и неговата местоположба.
Доколку сакате телефонски број за резервации и точна
локација на ресторанот и сместувањето, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!