14.11.2021

Престојувајте во планинска етно колиба на 1250 мнв

Престојувајте во планинска етно колиба на 1250 мнв

Есента на Пониква е момент кој заслужува да му дадете внимание. Љубителите на добрите шарено златни бои, страсните гастрономи и луѓето кои живеат за активен туризам во никој случај не би згрешиле доколку одвојат барем еден викенд и да ја посетат оваа дестинација.


Тимот на Кајак.мк е среќен што базата од приватни сместувања од ден на ден се повеќе расте, а во неа може да се најде од најмодерно сместување до етно/планински вили кои се достапни за секој страсен патувач.

Денеска ќе ве запознаеме со уште една уникатна етно вила која може да ја најдете во базата на Кајак.мк, а која вила е целосно изолирана им нуди мир и тишина на гостите.


Станува збор за вила Пајо која се наоѓа во регионот Пашаџиково, а која вила е опколена со аришова и букова шума.

Вилата се наоѓа на 1250 метри надморска височина, а доколку прашате некој поискусен доктор, со сигурност ќе ви каже дека овој предел на Пониква се смета за воздушна бања, која со помош на аришовото дрво нуди огромни здравствени придобивки.


Домаќинот Павел, кој ги отвори своите врати за светот на Кајак.мк вели дека вилата е уредена во етно стил, а градбата е од камен, што има цел да им понуди уникатен престој на гостите.

Вилата се наоѓа недалеку од ски-центарот, а во нејзината околина има пешачки патеки, ресторан и манастир.


Располага со три спални соби, од кои едната соба е со брачен кревет, а двете соби се со по единечни кревети. Покај спалните, вилата има дневен престој чиј ентериер е во склоп со планината.

Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.

 

Фото: coci_lazarevski

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Што да правите овој викенд во Скопје? | Кајак.мк

Барате идеја за викенд во Скопје? Откријте јајaње, прошетки со магариња, возење со пајтон и забавни активности во природа со Кајак.мк.

Скопје со 50 директни дестинации: Македонците патуваат 29% повеќе

Скопје беше поврзано со 50 директни дестинации во летната сезона 2026, додека бројот на патници од Скопје и Охрид порасна за 29%.

Болотана – селото на стогодишниците: Дали Македонија ја има својата „Blue Zone“?

Болотана на Сардинија е позната по големиот број стогодишници. Што стои зад долговечноста и дали Македонија има свое село на долговечни жители?

Од долгогодишна идеја до ресторан во срцето на Берово: приказната за „Антико“

Во срцето на Берово, „Антико“ ве пречекува со домашни вкусови, пријатна атмосфера и топло гостопримство — место каде што убавите моменти се споделуваат околу трпезата.

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Уште еден тим билдинг во организација на Кајак.мк!

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија

Кајак.мк доби државно признание за најуспешна онлајн туристичка платформа на Македонија