12.01.2023
Предлог викенд гастро дестинација: Село Брвеница
Предлог викенд гастро дестинација: Село Брвеница
Тимот на Кајак.мк го продолжува својот гастро-караван во 2023-та година. Наша цел за 2023-та година е да ја исполниме базата на „Гастрономија“ со 200 предлог гастро станици каде ќе може да вкусите добра храна, да уживате во уникатен амбиент и да го искористите слободното време во прошетки и рекреација.

Прва гастро дестинација за 2023-та година е село Брвеница, тетовско. За оние кои досега не слушнале за село Брвеница, треба да знаат дека ова селце се наоѓа во околината на Тетово, на надморска височина од 440 метри, со прекрасен поглед кон Шар Планина. Заедно со селото Долно Седларце, претставуваат голема современа населба. Во околината на Брвеница поминува реката Бардар, а селото се наоѓа близу до планината Сува Гора.

Денеска, во срцето на најголемиот вишнов овоштарник во Полог се наоѓа новиот ресторантски комплекс Електра Гарден. На само 20 минути возење од Скопје можете да ручате или вечерате во идиличен рустичен амбиент во прекрасна градина на повеќе од 10.000 м2.

Електра Гарден има прекрасни летниковци, летна бавча и извонреден затворен ресторан со централен камин и поставени маси на две нивоа.

За оние кои ќе се
одлучат да го посетат ресторанот, треба да знаат дека овде може да се вкусат
специјалитети подготвени од селектирани домашни димени меса, зреен кашкавал,
шарско сирење, шумски печурки како и зеленчук од локалните производители. Како
специјалитети на куќата се истакнуваат: Пафлакот со праз, специјалитети од полнет домат, пилешко филе, јагнешки
котлети, бавно печени ребра, како и стандардните салати, тетовското тавче гравче
и локални десерти.
Доколку сакате да
ја погледнете локацијата на ресторанот и да извршите резервација, кликнете
ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Македонија повторно изненадува: Антички мозаик откриен на локација за која малкумина знаат
Мозаикот во Пеленица кај Драчево открива нов дел од античката историја на Скопје. Откријте што пронајдоа археолозите.
November Run: 3.000 учесници минатата година, ново издание на 14 и 15 ноември
November Run 2026 ќе се одржи на 14 и 15 ноември во Гевгелија. Минатата година настанот привлече 3.000 учесници, од кои 1.300 на главните трки.
Аеродромот во Неапол е затворен цел ноември: што да проверите
Аеродромот во Неапол е затворен од 1 до 30 ноември за реконструкција на пистата. Дел од летовите се префрлени во Салерно.
Стоби: нови откритија во римскиот театар
По 17-та сезона истражувања во Стоби, археолозите документираа две градежни фази, заѕидан премин и предмети од доцната антика.
Пештера Врело на Матка: рекордни 338 метри | Кајак.мк
Експедицијата „Врело 2026“ ја истражи пештерата Врело на Матка до 338 метри. Дознајте што значи рекордот и како се посетува пештерата.
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!